ЛЕКЦИЈА ЗА ГУПАВИТЕ СОРОСОИДИ

ЛЕКЦИЈА ЗА ГУПАВИТЕ СОРОСОИДИ

Мирка Велиновска го обелодени писмото на 150-тина врвни светски интелектуалци, нобеловци, професори на најреномирани универзитети… Тие, јасно, гласно и со факти тврдат дека таканаречената невладина Хјуман Рајтс Воч е твродба создадена од американците за подебување на целиот свет.
Да се потсетиме, овдека комплетната екипа на А1 со Чом на чело, а Геро на крајот (чмарот), паѓаа во несвест кога ќе објавеше нешто оваа организација. Најчевска, Димова, Тасева се подвлажнуваа кога ќе се споменеше Македонија во негатиен контекст.
Па еве Мирка ни ги отвора очите на сите нас, а им дава лекција на глупавите следбеници на Владе Миклчин.
Еве го текстот од денешна Нова Македонија:

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=516141958387&id=84&prilog=0&setIzdanie=23176

СТОТИНА УГЛЕДНИ ЛИЧНОСТИ ИСПРАТИЈА ПИСМО ДО ОРГАНИЗАЦИЈАТА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА
На 12 мај годинава група добитници на Нобеловата награда и над сто угледни професори и научници во реномирани универзитети испратија писмо до претседателот на бордот на организацијата „Хјуман рајтс воч“ (чувар на човековите права), која себеси се идентификува како невладина и независна организација.
Потписниците на ова писмо не се согласуваат со ваквата самоидентификација, односно искажуваат сериозно сомневање поткрепено со факти, дека оваа светски позната организација, која преку свои извештаи периодично ги оценува демократските перформанси на државите во светот, всушност е претставник на американската државна политика. Тоа што овие уважени интелектуалци го кажуваат го знае горе-долу секој скромно информиран човек на планетава, па сепак сметаме дека е упатно и корисно за секој што не сака да биде жртва на манипулации и пропаганди да го прочита во целост ова писмо потпишано од нобеловците Адолфо Перез Ескивал и Меирид Магир, Ханс ван Спонок, поранешен помошник на генералниот секретар на ООН, Ричард Фарк, актуелниот специјален известувач на ООН за човековите права на палестинските територии.

Почитуван Кенет Рот,

„Хјуманс рајт воч“ се опишува себеси како „една од водечките светски независни организации посветени на одбраната и заштитата на човековите права“. Меѓутоа, блиските врски на ХРВ со американската влада ја доведуваат во прашање нејзината независност. На пример, директорот за посредување и одбрана во ХРВ, во канцеларијата во Вашингтон, Том Малиновски, порано работеше како специјален помошник на Бил Клинтон и пишувач на говорите на Медлин Олбрајт, државна секретарка за надворешни работи. Во 2013 година тој повторно ја напушти ХРВ за да стане помошник-државен секретар за демократија, човекови права и труд под раководство на Џон Кери.

Сузан Менилоу, заменик-претседателка на бордот на директори во ХРВ, во својата службена биографија себеси се опишува како долгогодишна пријателка на Бил Клинтон, која е длабоко вклучена во неговата политичка партија и, како таква, била домаќинка на дузина настани на Демократскиот национален институт.

Во Советодавниот комитет на ХРВ моментно се вклучени Мајлс Фрешет, поранешен американски амбасадор во Колумбија, и Мајкл Шифтер, поранешен директор одговорен за Латинска Америка во Владата на САД и во Националниот фонд за донации за демократија.

Од 2003 до 2011 година на местото советник во Советодавниот комитет на ХРВ седеше Мигел Дијаз, аналитичар на ЦИА, со стаж од 1990-тите. Сега, Дијаз служи како врска помеѓу разузнавачката заедница и невладините експерти.

Во својство на директор за одбрана на ХРВ, Малиновски тврдеше во 2009 година дека „под ограничени околности е легитимно ЦИА да применува незаконски киднапирања, транспорт и трансфер на осомничени за тероризам на целата планета. Всушност, Малиновски ги парафразира аргументите на Владата на САД дека испраќањето на осомничените во странски затвори, за таму да бидат мачени, ќе потрае некое време“.

ХРВ немаше такво разбирање за слична загриженост во Венецуела. Во 2012 година во писмо до претседателот Чавез, ХРВ ја критикуваше апликацијата на Венецуела за член во Советот за човекови права при ООН, обвинувајќи дека „Венецуела не задоволува голем број прифатливи стандарди и се сомнева во нејзината способност да служи како уважен глас за човековите права“. Во ниту една точка американското членство во истиот Совет не претрпе ваква цензура на ХРВ и покрај тајната планетарна програма за ликвидација на луѓе под сомневање на планетарно ниво, како и постоењето на Гвантанамо со нелегални затвореници без судење.

Во февруари 2013 година, ХРВ коректно го опиша како „незаконско“ употребувањето ракети во граѓанската војна во Сирија. Но ХРВ остана нема на недвосмисленото и јасно прекршување на
меѓународното право, кога Владата на САД одлучи во август да изврши ракетен напад врз Сирија.

Овие неколку примери од поново време може дури и да се превидат или да им се припишат на големината и на обемноста на организацијата, ама блиските врски на раководството со американската влада сугерираа конфликт на интереси.

Затоа, ние ве охрабруваме да воспоставите итно конкретни мерки што силно ќе ја нагласат независноста на ХРВ.

Прв чекор што би ја отворил вратата кон независноста е да им забраните на оние што ја обликувале и спроведувале надворешната политика на САД да служат како службеници во ХРВ или да бидат советници и членови на управното тело. Исто така, упатно би било за сите што сакаат да работат во ХРВ да ги продолжите периодите на забрана, односно периодот на ладење, минимум во траење од еден мандат во Владата на САД, пред и по кое било трансферирање од влада во ХРВ.

Вашиот најголем дародавец Џорџ Сорос во 2012 година велеше дека за да биде поефикасна, ХРВ треба да биде повеќе меѓународна отколку американска организација.

Ние се согласуваме. Ве охрабруваме да ги вградите споменатите предлози и така да ја осигурите репутацијата за изворна независност, се вели на крајот од писмото.

„Хјуман рајтс воч“ не е единствената глобална невладина организација што дејствува како продолжена рака на американската државна политика и интереси. Светот и човештвото се обвиткани во божем цивилно-активистичка мрежа што е финансирана и се одржува од едно место – САД и Сорос. Извештаите, рејтинг-листите, процените за слободите, демократијата, медиумите, правата и слични нешта што овие организации периодично ги изнесуваат се во голема мера ирелевантни, паушални, не соодветствуваат ни на фактите ни на вистинската состојба, а имаат за цел да служат како дополнителен притисок на политиката на сила врз „непослушните“ политичари и народи. Затоа, оние што се повикуваат на нивните „експертизи“ пред да донесат вредносен суд за нештата нека се потрудат да ѕирнат во личната карта на таа „невладина“ – кој ја раководи и кој ја финансира.

Автор: М.Велиновска