ЕСКАЛАЦИЈА НА ЗАКАНИ
(„Нуклеарна кокошка“)
Не сум воен аналитичар и немам потреба да бидам, за разлика од многумина кои се самопрогласија за такви, но знам логично да размислувам, се надевам. Едно затоа што класичната дефиниција на војната како продолжение на политиката (Клаузевиц) сѐ уште е на сила, како и еклатантното присуство на финесите од „Уметноста на војувањето“, според Сун Цу – што значи дека таа е целосно контролиран феномен; друго, затоа што вчера и денес дојдовме до точката на речиси целосна ескалација на заканите помеѓу Русија и НАТО. Повторувам: закани.
Путин првпат директно и недвосмислено го таргетира „колективниот запад“ како архинепријател, „кој сака да ја ослабне и уништи Русија“. Нема повеќе „западни партнери“. Тоа секако е точно, имајќи ги предвид сѐ уште инволвираните стратегии на Бжежински за поделба на Русија на три дела (европски, азиски и сибирски), па обраќањето на Путин отворено реферира на дејства со сите средства, со цел уништување на носителите на тој луд план. Само по себе, тоа е директна закана, одбрамбена. Наредена е мобилизација на 300, 000 нови војници за украинскиот плац д арм. Шојгу паралелно изјавува дека потенцијалот на Русија за мобилизација е 27 милиони луѓе под оружје.
Денеска НАТО преку Столтенберг одговори дека „ќе му покажат на Путин што значи употребата на нуклеарно оружје“. Ова е уште повисоко ниво на закана, бидејќи не имплицира условена, туку извесна употреба на нуклерана сила. Вчера и денеска, натовските аналитичари мислеле како да одговорат, па дошле до заклучок дека ваквата закана може да предизвика руско ретерирање.
И уште: денеска кинескиот претседател и порача на армијата дека треба да се подготви за вистинска борба.
И во војна, и во политика, и во животот, кога доаѓа до ваков тип, да ги наречеме крајни закани, следува или повлекување на едната страна, или ескалација на дело, голем и директен судир. Или ќе продолжат како и досега. И двете страни отфрлаат можност дека блефираат – а секако во голема мера блефираат – но веројатно има фактори кои се подготвени да влезат во тој краен, есхатолошки судир на непомирливи непријатели.
Во воената терминологија постои израз „нуклеарна кокошка“, кој означува земја, настан или личност со моќ, која може да послужи како иницијална каписла за нуклеарен напад. Порано, тоа беше Ирак. Денес, тоа е оној глуматар наркоман во Украина, кој не е третиран како субјект, туку како раскокодакан корисен идиот, во служба на уништување на својата земја. Воениот конфликт сега веќе и официјално се води помеѓу Русија и НАТО, и тоа е страшно, најлошо потенцијално сценарио за човештвото. (Импликациите од сето ова за Балканот, како постоен замрзнат конфликт, по одмрзнувањето на украинскиот, би биле судбоносни).
Силните закани во принцип абсорбираат големо внимание и страв. Тоа е и нивната цел. Се наоѓаме во разгор на наметната економска криза, рапидно поскапувања и осиромашување, кои можат да имаат катастрофални последици. (Бајден “прогласи” крај на пландемијата, и ниеден голем медиум не зборува за смртни случаи од ваксините). Хибридната планетарна војна која е во тек на сите нивои не би се водела вака и толку долго доколку постои навистина реална закана од употреба на нуклеарно оружје. Така мислам, можеби грешам, но сум од оние што, и покрај сѐ, не веруваат целосно во теоретски нуклерани кокошки и уништување на планетата. Сето ова е тешка и мачна преобразба. Веројатно ќе биде уште помачно, но во атомска разврска не верувам. Во економска катастрофа – да.
Има една теорија на заговор, која вели дека нуклерани капацитети во обем во кој се претставeни – не постојат. Не знам.
Можеби сето ова е само лична проекција и желба, бидејќи, како што спомнав, не сум воен стручњак (а војната имала сопствена логика), но и можеби затоа што на ум ми дојде св. Серафим Саровски: „Атмосферата на земјата е заситена со мирис на крв. Вселената секојдневно се полни со вести за убиства или за мачење на поробени во братоубиствени судири. Црни облаци на омраза ја кријат небесната Светлина од нашите очи. Луѓето сами си го градат својот пекол. Без наша потполна обнова низ покајание нема да дојде до избавување на светот: избавување од најстрашното од сите проклетства – војната.“
Крум Велков
23.09.22