РАЗГРАНИЧУВАЊЕ
Русија ги отвора картите. Овде не се работи само за декларативна желба, туку за реален проект за ослободување на Европа од англо-американскиот геополитички режим. Досега ваква јавна изјава немало од толку високо место. Зад ова секако стои план. Кој не сфаќа дека конфликтот во Украина е всушност фундаментално сочелување на двата основни геополитички и цивилизациски принципи (плус Кина), тешко можеме да му објасниме.
Америка ќе биде принудена да се повлече, вклучително и од Тајван; Британија ќе си остане американски носач на авиони надвор од Европа, плус ќе предничи во ЛЏБТ “слободи”, како што се пофали шефот на МИ-6 (заборави да ги спомне преполните затвори со педофили), а во тек е самото иницирањето на новиот, полицентричен свет (4-5 гросрауми) и, перспективно, на идниот евро-руски стратегиски сојуз, доколку Германија успее да се “оттргне”.
Како што нагласувавме и порано, пландемијата беше само димна завеса. Отпорот на Слободниот Човек ја развеа во бестрага. Најверојатно следи привремено разграничување на сите интереси, не студена војна, туку студен мир, а во самата Украина долж т.н. “линија на Хантингтон”.
Мрум Велков
Струмица, 01.03.22