Крум Велков со отворен апел до Левица

Крум Велков со отворен апел до Левица

ДО ЛЕВИЦА

Мислам дека е критичен момент партијата Левица итно да покрене иницијатива во Парламентот за усвојување Резолуција во духот на историската Резолуцијата 2361 на Советот на Европа од 27.01.2021 година, со која се утврдува дека:

– Вакцинацијата НЕ е задолжителна и дека никој не смее да биде под политички, социјален или друг вид на притисок да се вакцинира доколку не сака тоа да го стори;

– Никој не смее да биде дискриминиран доколку не е вакциниран поради сомневање од можни здравствени ризици или ако не сака да се вакцинира;

– И дека државите на Советот на Европа се должни да обезбедат надомест на штета поради последици од вакцинацијата!

Деновиве, Словенија и уште една земја усвоија такви резолуции, а ќе уследат и други.

Ние во Македонија веќе имаме најави не само за рестрикции и дискриминација на “невакцинираните”, туку и за нивна сегрегација, би рекол.

Со ваквата иницијатива, граѓаните директно ќе увидат дали нивните избраници во Парламентот имаат намера да ги бранат нивните основни (и егзистенцијални) човекови права, или пак ќе мораат самите да се организираат за таа цел, со оглед на спомнатите злокобни најави.

Во политичка смисла, со ова Левица има чист пенал за шутирање.
Да ги видиме.

 

Крум Велков

17.07.21 – Струмица