УШТЕ МАЛКУ ЗА БЛАЖЕ
(..и за БАН)
За Блаже Конески секогаш сакам да пишувам. Она што не се знае во јавноста за него, а што ни го кажуваа некои професори од Катедрата по македонистика при Филолошкиот факултет (со неговото име), кадешто Конески беше професор, е дека секогаш кога учествувал на меѓународните (славистички) лингвистички и културолошки симпозиуми, Бугарите биле многу вознемирени, затоа што темелно, аргументирано, историографски, синхрониски и дијахрониски, ја докажувал историската реалност на Македонскиот јазик. Ги убивал во поим, што би се рекло, а згора малку им проблематизирал и некои аспекти на нивната (прото)бугарска реалност. Му организирале и провокации, што очигледно и денес е традиција во БАН; демонстративно, „научно“ напуштале сала кога Блаже зборувал и слични простички нешта. Тоа отсекогаш била нивната „аргументација“ во негирањето на нашиот јазик: бегаат од салата на реалноста.
Блаже секогаш ги собирал симпатиите, а опонентите секогаш биле главно исмевани. Тој и останатите големи македонисти по војната меѓународно го кодифицираа Македонскиот јазик. Затоа БАНовци и Каракачановци толку го мразат. Всушност, зад слободно може да се нарече патолошката бугарска фрустрација со негирањето на нашиот јазик, се крие национален комплекс, кој манифестирајќи се со агресивно негирање на македонскиот идентитет, се обидува да го надкомпенизра својот проблематичен етнички идентитет, говорејќи во историска, па и политичка смисла. Друга работа е што овие задрти глави во БАН се претворени во (гео)политички инструмент, еден од оние преку кои на Балканот се остварува контрола со постојано поттикнување на разноразни негирања и тензии меѓу сите држави и нации. Сите се негираат меѓусебе за нешто.
А Блаже, никогаш нема да го победат.
Крум Велков
Струмица, петок 13-ти