Крсто Гермов до Колишевски:
-Дојдов да ти кажам уште една работа: сите пишувате, и порано пишуваа, внатрешни, надворешни, врховисти, централисти и слично – е, па дојждов да ти кажам дека на Дворот (Дворецот во Софија) влегувавме сите: едни низ главната врата, други низ малата врата, некои низ капиџик, некои низ прозорец, некои преку таван, а некои богами и преку баџа! Туку да знаеш, сите влегуваа.. освен еден човек… Таму не влезе само Гоце Делчев..