КРИВОЛАК

КРИВОЛАК

ЈАС ДА СИ КАЖАМ, ВИЕ КАКО САКАТЕ!?

НАЈНОВАТА АМЕРИКАНСКА ВОЕНА БАЗА – КРИВОЛАК

Американците на своја територија и на територијата на многу други земји низ целиот свет имаат околу илјада и 500 воени бази *.

Најновата е на македонска земја – во Криволак. Пред две години си ја направија без некого да прашаат, без согласност на Собранието или народот. Веројатно, во договор со еден или двајца првенци од извршната власт. Тајно.

Тоа го изведоа многу итро * *. Значи, пред две години, на денешен ден, демек, прошетаа низ нашата земја и во неколку градови и, нам, на Македонците, ни покажаа дел од нивното оружје, како и импресивни градежни машини што ги користи американската војска. Се разбира, главната цел им беше да ни потврдат колку многу нѐ сакаат.

И би. Прошетаа, поминаа и ни низ Тријумфиалната порта во Скопје и заминаа на Криволак: кога веќе се тука да ни бидат од некаква полза.

Моќните градежни машини за помалку од една недела, на Криволак изградија современа писта за слетување и полетување на едно од најсмртоносните конвенционални оружја – беспилотните летала или дроновите. Покрај неа оставија и неколку контенјери. Веројатно, подвижни електронски центри за управување и навигација на тие летала.

И, никому ништо!
(Додуша не знам дали за таа прилика, Рада ги носеше или не ги носеше чевлите што ѝ ги подари Боки!? Можеби тоа го знае Тричко. Тој сѐ знае ама мене ми е страв да го прашам.)

Но, нејсе.

Се разбира, тоа што го направија е нелегитимно и е нелегален чин. Ако сакате наречетего го и воена окупација и нема да згрешите.

Ако не денес или утре, еден ден од таму ќе полетуваат дроновите, ќе пренесуваат и ќе исфрлаат бомби илјадници километри далеку. Ќе страдаат луѓе и ќе причинуваат голема материјална штета. Целите можат да бидат во Авганистан, Блискиот исток или земји во северна Африка.
Потоа, ние ќе читаме како Американците успешно ликвидирале терористи, вакви или онакви војски. Притоа, страдале стотици невини луѓе меѓу кои и деца. По „грешка“ и некое училиште или болница. (Тоа тие го нарекуваат „пријателски“ оган). Но, што е тоа важно: борбата против непријателите на демократијата и терористите е успешна. А, децата, жените, болните… е тоа е колатерална штета. Пресметана на маргините.

Што сакате: војна е! И тоа глобална против лошите момчиња.

Во војна, каква и да е таа, има едно правило: МЕСТОТО ОД КАДЕ ШТО СЕ ПУКА Е ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ.

Најпросто речено, ОРУЖЈЕТО ПОЛЕТАЛО ОД МАКЕДОНИЈА, ВОЗВРАТНИОТ УДАР ЌЕ БИДЕ ВРЗ МАКЕДОНИЈА!

А ние, луѓето што ја градиме оваа земја, што ја сакаме, речиси, нема да знаеме што се случува.

И, ај да си кажам кога веќе започнав. А вие, како сакате.

Од Втората светска војна ни еден авион или ракета упатена да убива и уништува некаде – кој знае каде – не полетале од територијата на САД. Тие дејствувале од носачите на авиони, подморниците и секогаш од меѓународните води или од речените американски бази сместени на туѓа територија.

Среќни ли сте? Сега и Македонија си има американска база.
____________
* САД со сите земји во коишто имаат бази и со некои други земји во кои официјално немаат воспоставено воени инсталации, потпишале билатерален договор, наједноставно кажано, дека земјата домаќин и нејзините институции немат никаква, ни правна надлежност, врз персоналот на американската база. Уште поедноставно: на пример, американски војник може да убие, да силува, да украде, а земјата домаќин и судот можат да се
„сликаат“. Истото важи и за цела единица. Можат да извршат чин на злосторство над човештвото или геноцод и никому ништо. Таков дпговор Македонија потпиша, ако не се лажам, пред шест-седум години. Ако сум се излажал за времето – простете! Ама, Законот си е наш.

* * Гане Тодровски еднаш рече:
„Итроштината е, сепак, само селска измислица, од пред кооперација.“

Имајте убав ден!
Поздрав, Зоја!