КРАТКА МЕМОРИЈА

КРАТКА МЕМОРИЈА

Играње на стратегија дека народот има кратка меморија и играње на стратегија дека заради кратката меморија може да се протнат двојните стандарди – е ЛУЗЕРСКА стратегија.

Народот на Бранко не му ги забрави ветувањата од “15 септември“, не заборав “по еден вработен од секоја фамилија“… Народот не го заборави референдумот за територијална, ниту ја заборави “излезноста“ за Бранко да стане Прецедник.

Еве сега, се испораспишаа медиумите за укинувањето на притворот и потерницити против Сеат Кочан. Врховен е најВрвен суд, после него – нема друга инстанца. После долга низа порази доживеани од страна на СЈО, еве сега нормалното судство и обвинителство победуваат во една легална битка.
Но, Кочан ги полни страниците, а тие уредници, медиуми и спинери забраваат дека во случајот на евидентното бегство од Македонија и долгомесечен престој во Виена на доктор Пановски пред 10 години, НИШТО не пишаа!!! Сеуште не го споменуваат децениското бегство на мажот на судијката Спировска – Владо Димов. На пример, за Даравелски полни се страниците, за Димов – мукла. Исто беше кога во бегство во Грчка беше Владо Бучковски, премиерот од редовите на СДС.

Двојни стандарди – да. Пробаат да играат на кратка меморија – да. Им успева ли – не.

Па такa, да пишам ја за Кочан, имам право. Бидејки сум пишал и за едниот и за другиот Владо. И за капо-ди-тути-капи на фармацевтската мафија. Сум пишал и за Рокан и за Зеленко и за сите. Другиве, бога ми, само селективно “истражуваат“.

Но играта на кратката меморија не е само за потерниците или бегствата.

Последниве две години, особено е изразена. И тоа од сите политички страни. Македонски, албански, абдалски – сите.

Последното е ова со “координацијата“ кај шиптарот и датумите за предвремени.

Па да прашам:
1. Признат ли е легитимитетот на Таљат? Прзната ли е легалноста на неговиот избор? Легален ли е или нелегален?!
2. Сакаме предвремени парламентарни избори? За тоа ли протестираат Борис и Бетмен два-и-пол месеци? Или локалните се сега на агендата?!

Играње на плиткоумноста на својот народ е сопствена плиткоумност. Тој PR е лузерски PR.

Нормално, секој си има право да си ја бира сопствената стратегија. Но секој потоа се соочува со консеквенците од истата.

Мое е да напишам, да предупредам. Тоа е мојата овоземна мисија и професија. Натаму буткајте си сами.

ПС
Многу ме прашуваат, па еве одговор: Подготовките за поставување на спомен обележјето на Кајмакчалан се одвиваат во најдобар ред и според планот. Екипата (на сликата) си ја тера работата. Тука нема двојни стандарди, ниту пак играње на кратка меморија.

Миленко за Дудинка
14.05.2017