Еден од радикалните лидери на опозициона политичка партија, партија што ќе настапи независно на следниве парламентарни избори, до пред самиот почеток на изборната трка се нудел на ВМРО за да влезе во коалицијата “За подобра Македонија“. Нудел поддршка за Иванов, поддршка за програмата и политикте на ВМРО. Еден од најголемите критичари на оваа власт, критичар на Премиерот Груевски и на Претседателот Иванов, молел влез во коалицијата. Тврдел дека за дотогашните активности бил навлечен од разни ветувања, излажан од Црвенковски, дека имал лажни ветувања од странски дипломати, но дека ете сега се освестил. Човекот со големи лидерски, претседателски, депутатски, политички и слични амбиции сакал да тргне по патот на Марјан Додовски и Филип Петровски.
За негова голема жал, ВМРО немала потреба од вакво смешно коалицирање.
Previous Post: НДИ СЕ ПОСРАМОТИ
Next Post: ПРОГНОЗЕРИ