ЏЕЈМС ПЕРДЈУ, еден од потписниците на Охридскиот Рамковен договор во својата книга “Peacemakers-American Leadership and the End of Genocide in the Balkans” открива една ШОКАНТНА ВЕСТ. Веста вели дека сите устави на Балканот се дело на Лаурел Милер, американска експертка по меѓународна политика!
“Мојот експерт беше Лаурел Милер. Иако јас бев лицето што го претставуваше Американското учество во преговорите за Охридскиот Рамковен договор, Милер беше клучната сила на меѓународните преговарачи. Таа ги знаеше сите детали и правни опасности, но и можности што ги нудеше договорот. Таа целосно и веднаш се поврза со нејзините ЕУ соработници и правовремено се стекна со почит од страна на нејзините европски, македонски и албански колеги. Охридскиот Рамковен договор е ПОСТИГНУВАЊЕ на нејзиниот талент како меѓународен правник и како претставник на САД. Пред преговорите во Македонија Милер работела на Босанскиот Устав во Дејтон. Таа беше директно вклучена и во пишувањето на новиот Устав на Косово, а исто така таа изврши силно влијание и при пишувањето на Македонскиот Устав како и при подготвувањето на Охридскиот Рамковен Договор.
Не можам да замислам друга личност која имала повеќе влијание при креирањето на националните Устави на Балканот од Лаурел Милер”- пишува Пердју.
Заклучок:Фрчковски и Поповски седеле на резервната клупа подалеку од Милер за да и носат сендвичи и сокче на паузите!
Т.К.
Дудинка 05.05.18