Искрен да бидам, поприлично ми дојади да ги слушам се едни те исти коментари, констатации, забелешки и критики од луѓе што ги проценувам дека се умни, коректни, реални, стабилни, домољубни… Тоа се мои исклучитечно ценети колеги и колешки новинари, потоа извонредни аналитичари, респектибилни професори, врвни интелектуалци, чесни граѓани, пријатели, загрижени МАКЕДОНЦИ.
Велам, ми дојади да ги слушам како дебатираат на тема каде и кога згрешил Никола Груевски и што и кога требал да направи.
Значи ситуацијата е следна. Јасно е дека Зоран Заев е шајшутка галактичка. Дека неговите кадри како Проливер, Гоце Делчевка или оној педерас од министерство за земљорадња се абдали без граници. Дека СДСМ, во народот попозната како СМРДСМ, е исшутирана од народот па мора да бара албанци, странци, хомосексуалци како свои партнери. Се е тоа јасно. Како што е јасно дека опозиција на Никола Груевски му е Џес Бејли, и никој друг.
Бидејки таа ситуација е јасна, и нема нормален човек што би дал доверба на бандата на Црпнатиот од Муртино, луѓето ја проценуваат онаа страна од политичката карта која е стабилна, работлива, патриотска, чесна (до одредени гранци), но е обременета со кадри кои се самозадоволуваат со оговарање на ниво на шупраиш.
И, како што порачав на почетоков од текстот, токму лидерот на таа страна Никола Груевски е под обсервација, критика, анализа, процена…
И така, она што ми е дојдено преку глава е да селушам дека Никола Груевски требал да направи тоа-и-тоа, тогаш-и-тогаш, на таков-и-таков начин.
Требал одма да го упаси Заев, требал да ги набрка Орав и Бејли како персони нон грата, требал да не ја прифати оставката на Мијалков, требал, да ги откачи албанците од владата, требал да се раатиса на време од Павле и Лиле, требал да ги заплени прислушкуваните материјали, требал да не преговара во Брисел, Пржино, Клуб на пратеници, требал, требал, требал… Тој де, Никола Груевски.
Ете така, сите тие, добро еве да не се амнестрам себе си, СИТЕ НИЕ знаеме што Никола Груевски требал да стори, а не го направил. Генерали колку сакаш.
Намерно во текстов не им давам место на оние кои ми се НЕценети квази “колеги“, “интелектиалци“, “аналитичари, “професори“… Оти нивното се виде. Многупати.
За овие, за кои сум убеден дека се саглам луѓе ми е муабетот.
Требаше ова да направи, требаше така да постапи, на тој-и-тој требаше тоа-и-тоа да му го каже. Никола Груевски, нели?
Меѓутоа тој не го прави она што ние си мислиме или посакуваме, туку тоа што тој мисли дека е најисправно.
И, има право на тоа! Зошто? Па затоа што сме гласале за него, сме го сметале за човек кој може да ја предводи и брани државата.
Сега знам, во овој момент оние за кои говорам си велат “е па Миленко доста го браниш Грујо, бе“.
Не, не… Не го бранам, само констатирам. Тој го прави она што смета дека е најпотребно и највозможно во овие тешки моменти за државата и за него лично. Го право тоа оти ние сме му дале мандат.
А, ако тоа Груевски не го прави добро, тогаш зошто никој од нас не се обиде тоа да го промени?! Нас, ние де. Ние што сме на спротивната страна од сроспиите, СМРДСмовците, странските амбасадори, албанците… Ние, МАКЕДОНЦИТЕ.
Вие, било кој од вас, од нас, што смета дека Груевски греши по било која и по било колку точки, зошто не се одважи да направи партија, движење или друга форма на политичко организирање па да се понуди пред јавноста со своја програма, визија, план, кадри… Зошто никој од овие што имаат забелешка на одредени потези не си направт партија па да се понудат себе си како подобро решение од Никола Груевски.
Значи, да сме на јасно. Под “никој од овие“ не мислам на политички пропалици како Павле Трајанов, Лиле Поповска, Јове Кекеновски, Трифун Костовски, Ивон Величковски… Тие се фигури кој никој жив во Македонија не би ги гласал во куќен совет, камо ли за нешто посериозно.
Затоа, еве на овој начин, пријатели и познаници мои ве прашувам: Ако Груевски греши, зошто вие тоа на најдиректен можен начин не го поправите? Вака сите ние наликуваме на оние двајца старци на балконот од Мапет шоу. Ништо не ни чини, ама во се се разбираме.
Еве, да се формира политичка партија. Бара тоа пари, работа, кадри… Потпора од некој финасиски центар. Потпора од станска држава, странска фондација, странска корпорација. Во моментов дури ниту Сорос и УСаид заедно не би успеале да направат респектибилна партија, затоа се шлепуваат на СМРДСМ. За други фондации со политички апетит и со толкави средства не знам. Русите и кинезите се незаинтересирани. Иранчаните и турците би финасирае муслиманска партија. Еве, велам, да се формира партија! Лева, десна, средна, било каква… Кој гарантира успех на стратегиите што си мислите дека Груевски ги води погрешно?
Најинтересно од се е дека од сите нас умни, аналитични, глаголиви – поумен е НАРОДОТ. Да, да… Народот МАКЕДОНСКИ. Народот знае да процени без буква напишана или збор изговорен кого смета за свој лидер, заштитник, репрезент.
ИРИ денеска потврди дека Груевски, имале ние збелешки на негова сметка или не, ја има НАЈГОЛЕМАТА доверба од народот. Сите бомби, орави, црпковци, бејлија, проливери не што не му наштетија во последните 13 месеци, ами му ја зголемија потпората што народот му ја дава.
Без разлика на Канал 5, Сител, Миленко, Јанко, Латас, Телма 24вести, Чомовски или фамилија Јованвски, без разлика на Фрчкоски или Орданоски, народот непогрешливо му подарува убедлива доверба на Никола Груевски.
Па така, повикувам, оној што мисли дека може подобро од Груевски, нека се појави на теренот за натпревар.
Хик Родос -хик салта.
Over and Out
Миленко Неделковски
пред половина час вратен од фармата и дружбата со кутренца, кучишта, кучки, коњи, кобили, кози, прчови, зајаци, мачки и мачори. И по некој човек.
19.11.2015 18.50