Долгогодишниот серијал од бламажи на македонското правосудство покажува само еден ноторен факт! Судиите, судовите, обвинителите и обвинителството се константни клиенти на власта. Уште од оние неколку стотини судии и обвинители што Бранко Црвенковски си ги избра во една ноќ (некои од нив се во моментов и перјаници на вмродпмневската мисла), преку судиите промовирани и употребени од Сашо Мијалков и Никола Груевски (Добрила Кацарска како нивна “сваровски“ судијка, беше довлечкана од одмор во Турција за да му изрече мерка притвор на Велија Рамковски) па до досегашната сеопшта бламажа на “црпковски“ судиите (види бога ти и овдека на челу колоне е истата таа Добрила Кацраска).
Најсвежо е што судството и обвинителството ослободуваат криминалци и убијци осудени за најтешки кривични дела, потоа не успеваат да откријат кој го уби Јанушев а кои се соучесниците во убијството на Саздо, а нај тазе е преиначувањето на дело на познатиот Новоселски градоначалник Марл-Боро кој кон полицијата пукаше со огнено оружје при бегството низ планините на граничната линија со Бугарија. Па така, Ацо Тошта кој не пукал и не нападнал службено лице е осуден на 13,5 години, али Боро Мал-Боро за обид за убиство и напад на службено лице со огнено оружје е осуден само на 18 месеци.
Што покажаа обвинителите и судиите и нивните институции во овие година-и-пол од владеењето на фашистичкиот неуставен и противзаконски естаблишмент? Покажаа дека биле, се и останале клиенти на власта. Без разлика дали била таа на СДСМ или на ВМРО ДПМНЕ.
И токму затоа на Никола Груевски му беше испратен Прибе, кој помеѓу другото недвосмислено заклучи дека судството е закочено, корумпирано и нефункционално. Па, нели сето тоа резултираше со падот на ВМРО ДПМНЕ и соочување со тоа исто судство токму на Груевски и Мијалков. Но, и новата власт си остана со старите навики и клиенти судии и обвинители. Па јасно, прецизно и директно соодветните институции на ЕУ утврдија дека најголема причина за недобивање датум на преговори и општа скепса кон Македонија е токму правосудството. Различни власти, исти клиенти. Исти исполнувачи на желбите на полтичарите.
После вчерашниот историски ден, кога меѓу другото беа санирани грешките што на штета на ВМРО ДПМНЕ ги имаа направено во пржинските преговори Никола Тодоров и Биљана Бришковска а по насока на Никола Груевски, падот на мафијашко-пљачкашката група на Зоран Заев е повеќе од извесна.
Двете партии ВМРО ДПМНЕ и СДСМ се со јасно изразена про-евроатлантска агенда. Ама таму со вакво судство (и обвинителство) нема влез. Читајте ги заклучоците на ЕУ, оние на Прибе, ставовите на Франција – сите се јасни. Средете го правосудството. А, според примерот што Мирка Велиновска го дава, кога не и оди на јавната куќа не се менуваат чаршавите ами анимир дамите.
Па така, бидејки сите од СДСМ и од ВМРО ДПМНЕ се запнале за ЕУ и НАТО, ќе мора да се запнат и со менување на дамите и господата во судовите и обвинителствата. Чаршавите можат да си остнат исти, само да се заперат.
Следната власт, што ќе ја добиеме оваа есен или најдоцна на пролет, секако ќе е про-евроатлантска. На таа и таква власт, доколку сака прогрес кон ЕУ и НАТО, првиот чекор ќе треба да е сеопшта чистка во судовите и обвинителствата, што ќе наиде на целосна и севкупна поддршка од страна на меѓународната заедница.
Како во средината на 90-тите во минатиот век, еве сега на крајот на втората декада од овој век, ќе дојде до комплетна смена на судиско-обвинителскиот кадар. Така државата ќе помрдне кон “правда за сите“, кон правна а не партиска држава, кон одвоеност на трите столба на власта. И така ќе можат да дојде нов, млад, квалитетно образуван, неизвалкан и некорумпиран кадар во судниците.
Доколку таа чистка се искористи, со соодветна законска регулатива, да се расчисти со роднински кланови (ќерка судија, син обвинител, татко адвокат, мајка во министерство за правда), дотолку подобро за народот и државата.
Правниот дрим тим што го собра Христијан Мицкоски околу себе дава сериозни гаранции дека ваква пурификација на прасудството ќе се случи. Тања Каракамишева, Сашо Климовски, Иванка Василевска и Тимчо Муцунски со својата стручност и карактерни особини ги рушат сите можни недвоумици и скепси околу иднината на ВМРО ДПМНЕ. Недвоумици и скепси кои се пред се производ на повеќекратно и долгогдишно разочарување од потезите на единствената Македонска партија во Македонија.
Расчистувањето со кадровските рестлови од старата гарнитура, и ангажирање на реномирани (во светски рамки) Македонски стручњаци, ви-за-ви вечните студенти што дипломирале во позни години со помош на политичката позиција, е потег што гарантира справување и со огромниот отровен и смртоносен правосуден октопод.
Миленко Неделковски
Македонија – 26.07.2018