Конрад Аденауер, Фашизам и Нацизам

Конрад Аденауер, Фашизам и Нацизам

Конрад Аденауер-Спасителот, возобновувач на западна Германија и идеолог на “Помирувањето на Европските држави“, предвесник на Европската заедница- ЕУ!!!

Ова е она што тие сакаат да го знаете за основачот идеолог и мецена на : “Обединета Европа без граници“, CDU, EPP, Најголемиот Германец во историјата и икона. Но најстрого забрането е да се знае вистината.

Забраната на вистината и информативниот мрак е една од врвните 5 одлики на Фашизмот.

Друга таква одлика на фашизмот е малверзација со податоци, пропаганда и индоктринација ( што смеете, а што не смеете да знаете одлучува државата).

За волја на таа истата вистина да посочиме што е фашизам, а што го разликува од неговиот подсистем Наци-Социјализмот ( Нацизам). Фашизмот не се одликува со толкава систематичност и прецизност како Нацизмот. Фашизмот е ултра-десна и реактивна идеологија која уништува и убива се што ќе и се спротивстави, додека може. А нацизмот работи, прецизно, систематски и осмислено .Типично германски.

За разлика од Фашизмот кој акцентот и целото внимание го става на “Силната држава и нација“, Нацизмот е расна идеологија која во себе содржи и социјализам, како што самото име кажува. Заедничко и најважно е што во суштина и двете доктрини се залагаат за Европа како една супер држава која има еден центар на управување и заедничка најсилна армија во светот. Тежнеат кон државна контрола на пазарот, строга контрола на информации и забрана на слобода на говорот. Се спротивно од она што би требало да преставува демократијата и отворениот капитализам на кој се заснова прогресот на Европа.

Потсистемите на Фашизмот се разликуваат само во методологијата и начинот на остварување на истите цели.

И тука доаѓаме до Конрад Аденауер човекот кој на почетокот на својата кариера се залагал за присоединување на Прусија, Рајнски области, Лужичка Србија и делови од Австрија ( Острише) со Германија; Која така окрупнета би била центарот на обединетата европска супер држава. Сметал дека нацистите треба да бидат дел од Рајхт владата по основ на изборните резултати во 1930 и 1932 год. Но кога нацистите победиле во јануари 1933 год и дошле на власт, Аденауер ја увидел нивната расистичка доктрина која била спротивна на Фашистичката-државничка и конзервативна доктрина и почнал полека но сигурно да се дистанцира од Наци партијата. Една година подоцна дошол во директен судир со нацистите и бил уапсен во “Ноќта на долгите ножеви“ 30 јуни 1934 год. Но веќе во Август истата година бил ослободен откако му напишал писмо на СС началникот Херман Геринг како тој отворено ги кршел законите на Прусија за да овозможи влез на Нацистите во власта и како дозволил на државните и парламентарни јарболи да се веат нацистички знамиња место државните. Тој и навистина се залагал за коалициона-национална влада помеѓу неговата партија и Наци движењето. Но колку повеќе се заострувала нацистичката расна пропаганда и прогонот на другите раси, толку повеќе Конрад се приклонувал кон италијанскиот и шпанскиот тип на фашизам и никако не ја напуштал идејата за економски обединета Европа, а не воено покорена. Тоа му донело големи проблеми и паднал во немилост на Геринг и Гестапо. Но и покрај тоа успеал да издејствува пензија од третиот Рајхт.

Според Алберт Шпир во неговата книга Шпандау: “Тајните дневници”, Хитлер му се восхитувал на Аденауер. Но и Хитлер и Шпир чувствувале дека политичките погледи и принципи на Аденауер му оневозможиле да има главна улога во нацистичкото движење или да биде од помош на Нацистичката партија. Неговите размислувања за тоа како треба да биде освоена и владеена Европа се разликувале од методите со кои настапувал Гестапо. По неуспешниот обид за убиство на Хитлер во 1944 година, тој бил затворен како противник на режимот. Гестапо не можел да ја докаже неговата поврзаност во заверата и бил пуштен неколку недели подоцна. Набргу по завршувањето на војната Американците повторно го поставиле за градоначалник на Келн, но британскиот раководител на воената управа во Германија, Џералд Темплер, го отпуштил поради како што кажал, наводна неспособност. Но всушност Аденауер не сакал да ги открие тајните на германските служби и внатрешната структура на третиот Рајх. На првите избори во поствоена Германија 1949 год. Аденауер имал силен противкандидат Курт Шумахер од Социјал Демократскиот сојуз кој бил за обединување на Германија со ДДР. Конрад сметал дека поделбата на Германија е завршена работа и треба да се оди напред во нов сојуз на западна Германија со другите членки на NATO кое тогаш било во формирање.

Конрад победил, NATO е формирано и заживеала идејата за “Обединета Европа“ под покровителство на САД и NATO. Од позиција на власт во говорот на 20.09.1949 го осудил процесот за ДеНацификација (прогон и казна на нацистички офицери и началници на управи) со појаснување дека тие само ги извршувале наредбите на власта која во даден момент била легална. Силно се залагал за амнестија на нацистичките офицери, затоа што сметал дека ги подржуваат милиони Германци кои би биле фрустрирани и вечно изолирани од системите на новата држава. Во 1954 година ја ставил западно германската армија под контрола на генералштабот на NATO за што добил награда за посебни заслуги. во 1955 год се формирала комплетната германска армија Бундесвер под команда на NATO. Аденауер добил многу награди и ордени од САД и Британија но и многу признанија од католички ложи и језуитски редови во Аргентина, Парагвај, Боливија и Бразил. Во 2003 година бил прогласен за најголемиот Германец на сите времиња на натпреварот под има Unsere Besten .За Конрад гласале повеќе од 3 милиони луѓе, а неговата номинација била подржана од 270.000 луѓе од Латинска Америка.

 

Томче Ширков

Скопје, 17.11.19