Претпоставувам дека и на школскиот му се превртуваат цревата од постапките на севрџанските археолози, историчари и конзерватори:
Статусот на Горан Таневски во групата ,,Македонска писменост низ вековите” ви го пренесуваме во целост:
,,Еве се прибрав по дома, и сакам сега накратко да ви го опишам дел од денот, некои 2-3 часа додека бев присутен на ископувањето на римскиот саркофаг, за кој ги постирам и сликиве.
Небитен и несензационален е толку артефактов, но отидов да видам, кој и на каков начин ќе ми објасни историски околу него. Од кога е, каков е, чиј е зошто е итн итн…
Отидов на лице место, и ги сретнав таму, Ленче Јованова, археолог, советник-кустос, вработена во ЈУ Музеј на град Скопје, Вера Атанасовска, археолог виш конзерватор и ми се чини дека третата госпоѓа ми се престави како Марина, археолог од музеј на град Скопје (можеби грешам околу имево, простете).
Првото мое прашање кон нив ми беше: Не ли ви е чудно да саркофагов се наоѓа на длабочина под линијата на наносот на шљунакот од речен песок? И како е тоа можно прашувам?
-одговорот од Ленче беше: Да, чудно е но најверојатно тука имало проток на голема вода, и како последица таа голема вода да го занела и превртела саркофагов, и му го отворила капаков. Саркофагов не е од овде, туку бил носен од водата… (ваков одговор добив)
Мојата логика делува контра умот на еден археолог кој е образуван во поранешниот систем и пројави желба за нови прашања до археолозиве.
Госпоѓи…., долниов дел на саркофагов тежи најмалку 2-3 тона без капак… Која била таа река, таа силна вода која го донела ова неколку тонско здание на ова место. И зошто капакот е одма до долниот дел, ако вода ги носела двата дела? Нели капакот како полесен дел кој плутал по брзата вода, би требало да го најдеме подоле од водотекот замислен.Нели треба да се разделени ако вода ги носела?
Забораваме на песочниот шљунак, зошто е повисок од нивото, и над шљунакот имаме голем слој на глина. Каква тоа река, каква таа вода течела тука што го носела тонскиов саркофаг? Ако саркофагов го датираат од 2-3 век од нова ера, значи после тој период на ова место , реката Вардар била како наезда. носела 3-4 тонски саркофази по нејзиното течение ли? Глупостииии, според мене Вардар во тоа време во Скопскава котлина бил речиси како делта раширен на повеќе водотеци.
Доброоо… не навлегувам повеќе во ваков тип прашања кон госпоѓиве, се преставив кој сум , и што работам и истражувам…. И одма тивок краток МОЛК пропратен со одбивност за конверзација. Но Ленче упорна и во кратка дискусија, ми вели: Рим и римското време , е врвот на цивилизациските постигнувања во секое поле, дали градежништво , дали култура, дали други параметри не е битно….
Ја потпрашав Ленче, зошто Ленче ако Рим е врвот на цивилизацијата, зошто официјалниве етимолози велат дека Рим “позајмува“ најмалку 4600 зборови од тоа таканаречено Коине? Зошто цел пантеон на богови им е пандан на тој таканаречен “старо грчки“ пантеон… Но овие прашања, свртена не ми ги слушна најверојатно и настана тишина за кратко.
После тоа ми се сврте и ме опомени: Зошто вие што работите со писмото тврдите дека еве и Скопје влегувало во границите на македонската држава, кога таа не влегувала? …. Еве , ова прашање го добив од археолог.
А кој тоа со сигурност и во кој дел од “античката“ историја некој со сигурност ќе ми каже дао каде тоа се протегале границите на тоа македонско царство, и велам. И зошто немате никаква примена на етимологија на термините со кои се ословувале тогашните племенски заедници. Ленче, знаеш ли што значи етимолошкио терминот Пајонец , прашувам….
Тука се искомплицирува дијалогот и се вмешува попаметно човече, кое има трпени да ислуша, односно директорот на конзеравториве, г-дин Коле Чапкановски. Интересен лик, со кого направивме интересна конверзација на неколку теми, и искрено сакам во друга прилика да продолжиме со муабетот. Зборевме за писмово, за Селевкидите, се спомна накратко и Клеопатра, негова замерка кон минатата власт е зошто нема ниеден постамент , спомен обележје за Птолемеј Сотер или Клеоптра (доколку има на плоштадов а не сум приметил, кажете ми). И тој има негативност кон нашава работа, но бар има трпени да ислуша.
И така, да не должам и да ве замарам, ми помина денешново попладне на локалитетов. Осеќав потреба и должност да ви го пренесам накратко целиов настан.
Разочаран сум од археолозиве, како и во претходни други прилики, разочаран од вазалничкиот однос кон замислени британско-германски авторитети. Не заборавајте дека сегашнава официјална историја се базира на енциклопедијата “Британика“.
Ленче ми вели и прашува: А кој тоа поголем и попознат западно европски научник ви даде легитимитет на вашата работа? НИКОЈ , вели…. Одговорам…..- Ленче, зар очекуваш дека треба да барам легитимитет од некој странец, кој не го познава нашиов јазик, нашава култура, нашава етнологија, нашава традиција, нашава митологија итн, и тој да ми потврди дека јас сум во право??? На замислен слугувачки вештачки авторитет ли ќе се базираме или ќе ја следиме нашата логика?
Ме фати мрза, да ви елаборирам подетално, што тоа ние имаме од археологијата, од археолози итн и зошто ни треба еден голем РЕСТАРТ доколку сакаме да се нарекуваме МАКЕДОНЦИ и МАКЕДОНИЈА. “
28.01.19
Скопје