КОЗЈА ВИОЛИНА ПРШУТА

Во теков на изминатве 5-6 дена Миленко почна со приватно производство, за домашна употреба, на КОЗЈА ПРУШТА.
Врвен специјалитет. Исклучително ценет и баран во елитни ресторани на западниот дел од европското Средоземноморие.
Односно, на италијански: prosciutto di capra violino.
Козја виолина пршута. Затоа што кога келнерите во елитните италијански, шпански и португалски ресторани ја служат, личат како да свираат виолина.
Ја правам по традиционален португалски рецепт.
На Иберискиот полуостов тоа е исклучително скапо “мезе“. Се густира со слатки црвени или црни вина, најјдобро со Тио Пепе.
Во Македонија, ексклузивно, само кај мене се прави.
Па така, со господ напред, некаде пред Нова Година ќе може да се проба.