Би сакал да се разбереме. И би сакал јасно да е, а не замумуљено.
Значи, не знам кој е автор на идеава за овој билборд и извршител на истата, можам само да претпоставувам или да шпекулирам.
Но, се согласувам со поракава од билбордов која вели “ПРЕДАВСТВО“ и која вели “крај на преговорите за името“. Секако е исправен и оној дел околу тоа што се констатира дека Заев сака да ја задоволи Грција.
Но имам една, според мене голема, забелешка. Бидејки организаторот на поставувањето на овој билборд сакал да ни протне нешто што ќе ни сврдла низ главите. И што е апсолутна невистина и лага.
Имено, констатираното “предавство“ и барањето за “крај на преговорите за името“, според билбордов се заради тоа што “ЕУ веќе рече НЕ“!!!
Мооллимммм!!!
Не е, значи, затоа што народот рече НЕ уште од кога се водат рзговорите (не преговорите) за името под капата на ООН?! Не е затоа што народот рече не на 2-ри јуни и на 27-ми февруари оваа година, и уште дузина пати во текот на 2017-та и 2018-та?! Не е, значи, затоа што јас, ти, тој, ние сите не го даваме името, туку затоа што “ЕУ рече НЕ“?!?!?!
Да не продлабочуам па да прашам кога тоа рекла ЕУ “не“ и за кој точно дел од “предавството“ било тоа “не“?! Или, треба да заклучам дека низ Скопје билборд со протестен слоган е можен да се постави само ако ЕУ, или некој сличен на ЕУ, биде представен како носител на идеата за билбордот?!
Да заклучам. Скопје треба да биде преплавено со билборди со пораки за предавството. Нормално, доколку за таква кампања има пари (и дозвола од крепоста на Кале).
Но дај немојте да не‘ правите малоумни и да ни поттурате работи на мала врата.
Народот кажа НЕ, дали е тоа јасно? Н – А – Р – О – Д – О – Т.
А ако ЕУ не кажеше НЕ, ќе беше ли “предавство“?!
М.Н.
09.06.2018