Ова со отворениве писма стана бизарно!
Се’ некој некому (или на јавноста) и пишува отворено писмо. И бара другите да му го решат неговиот/нивниот проблем.
Тие разни “извршители-од-27”, “организатори”, “уставобранители”, побегуљи во Будимпешта и слични, никогаш не ги разбраа двете клучни правила:
1. “Што се курчиш кога незнаеш да леташ” од бајката/вицот за слонот и папагалот што рипаат од авион.
2. “Кога треба да пукаш пукај, не ломоти/збори” на Туко во Добар, грд, лош.
Тоа е лекција која не ја научија ниту србите од Пале (Плавшиќ, Караџиќ, Краишник, Мартич и купишта други), ниту српските генерали (Младиќ, Павковиќ, Перишиќ и многу други), ниту пак Слободан Милошевиќ – кога вадиш пиштол, пукај.
Или, да парафразирам на нашки: кога си слушал наредби/насоки од полицисkи началници и директори, кога си носел полициска значка а на приватната кола си имал џандарски флешери, кога везден си бил на телефон со Началникот, кога преку Моторола Бебо Шиптар ти кажувал по која уличка да ги водиш демонстрантите, кога си го штедел од ќотек Груби, кога си требал да ја “завршиш” работата за 30.000 евра – сега писмата нема да ти завршат работа.
Кога на времето не си бил свесен дека вниманието што си го добивал од началниците и лидерите биле затоа што си бил избран за жртвено јагне – сега е доцна од истите иљач да се бара.
Хорхе Иванов не го извади и “употреби” пиштолот кога можеше и требаше (војска на 27, гаранции од Заев) – вечно ќе остане бележен како предавник и пивтија. Исто и Борис Трајковски (Арачиново, Тетово).
Никола Груевски не “пукаше” кога требаше (апсење на Заев, разбивање на толпата на Шарените), ами токму спротивно државата му ја остави на тацна на малоумникот oд Муртино – вечно ќе остане забележан како цвикатор и побегуља.
Па така When you have to shoot, shoot; don’t talk.
Ама, сега е веќе доцна.
Никола Груевски и Сашо Мијалков својата слобода (макар и условна) ја платија со вашата робија.
ПС
Тој/тие што ве натераа да ставите качулки, уште на 27-ми вечерта од уставобранители ве претворија во терористи и насилници.
Миленко Неделковски
село Д. Чичево, Македонија
09.02.22