Коалиционен капацитет

Коалиционен капацитет

Сите сме согласни дека Зоран Зев треба да биде соборен од власт и да биде пратен во долгогодишна ладовина во Идриз Бег. Ама како и со кого, еве и 12-ти април ќе дојде, никако да се искристализира.

Пред некој недела напишав колумна во која, меѓу другото, го анализирав “Коалициониот капацитет“ на ВМРО ДПМНЕ и неговото раководство. Реков дека под коалиционен капацитет не се подразбира само меѓуетничкото и меѓуконфесионалното коалицирање, ами коалиционен капацитет значи и коалицирање со партии и здруженија од Македонскиот блок. Без разлика дали доаѓа од политичкиот центар, десно од него или лево од центарот.

Е, ама, ако сме за еднакви аршини, тогаш не само од ВМРО ДПМНЕ, туку и од сите останати анти-Заев партии треба да барем коалиционен капацитет.

Од ВМРО ДПМНЕ се бара да има коалиционен капацитет, ама е недозволиво малите партии, сеуште (заради несобрани потписи) неформираните партии, формалните и неформалните здруженија да бидат оставени да изиграваат размазени дечиња (деришта) кои на секое неисполентo нешто (не купено чоколадче), се треска од земја, плаче, вришти, се лигави и пенави.

Многу повици за обединување имаше. Од мене, повеќе дестина пати. Последното е од судијата Владимир Панчевски.

Но, обединување не значи дека се‘ што ќе побара некоја групичка од пази-доњи-део-леџа, големата партија мора да прифати.

Коалицирање, односно коалицисики капацитет, значи прифаќање на делови од нескакното однесување (заложби, программи, изјави…) на коалициониот партнер, исто така наметнување и прифаќање на твоето од него несеакано однесување (заложби, программи, изјави…). Коалиција значи здружување, усојузување за постигнување на цел што сам не можеш да ја постигнеш.

Е, ама кај нас, се мора да е наопаку. На повикот на било кој интелектуалец капиталец, имаш поврат  дека ќе се коалицирало, ама со тој-и-тој нема затоа што тоа-и-тоа го кажал таму-и-таму.

Во животот, за оставрување на своите права, секаде се коалицира! Дома со жена ти. Во влез со комшивката, на работа со шефот, во кладилница со билтенот.

Па така, не може партиски, изборно или предизборно тоа да не е случај. Што поголема коалиција, поголем е и поразот на Заев. Па така, оние што не сакаат или минираат усојузување, покажуваат која им е политичката цел и нарачка.

Затоа се поставува и прашањето (змија или магаре, јајце или кокошка), што е поважно? Рушењето на Заев или принципите на мали групички граѓани? Кој е поголемиот интерес. Национален, пред се!?

Од активностите на Интегра, Родина, Бојкотирам и Лука не се гледа идеа за коалицирање. Кај Апасиев, Солза и Бачев има оставено отворена врата за такво нешто, иако и нивните црвени линии се предалеку од поприлично либералната форма на денешново ВМРО ДМНЕ.

Да преведам на фудбалски речник. Ѓорчев сигурно не е Тоти, ама ВМРО ДПМНЕ е Ливерпул за овие другиве. Според организација, традиција, ресурси, финансии, странска поддршка… Или уште посликовито, маливе се БСК Брњарци, Кадино на Џиџи или Светлост од Кукуречани во однос на Ливерпул.

Па така, на Ливерпул може му треба некој играч од Кадино, ама ако не го земе од таму ќе го земе од Llanfairpwll FC (lanfairpwllgwyngyllgogerychwyrndrobwllllantysiliogogogoch) од Велс. А Кадино ќе си испадне, макар и со Џиџи на клупа, од втора лига.

На ВМРО ДПМНЕ (Ливерпул) секако му требаат сите опозициони и анти-заев гласови. Но реално, може да ги компензира и на друго место, или може и без нив. Односно ќе мора да привлече уште некоја албансака партија. ВМРО ДПМНЕ без коалицирање со малите ќе победи, ама не доволоно убедливо. Ќе мора да преговара и попушта на друга страна.

Малите партии, нерегистрираните партии, формалните и неформалните здруженија носат со себе, односно можат да му однесат на ВМРО ДПМНЕ околу 50-тина илјада гласови. Доколку на пратеничките листи на малите се најдат Миленко, Панчевски, Каракамишева, Мирка, Росоклија (кои понуди секој ден фрчат, и секој ден се одбивани), тогаш на ВМРО ДПМНЕ може да му бидат ускратени и повеќе од 120 илјади гласа. Но кога велам “малите“, мислам на сите. Но, сите тие не се усојузени меѓу себе. Мапротив, се расцепкани до најмали фрагменти. Сите тие не го покажуваат коалициониот капацитет дури и на тоа нивно пониско ниво – ниво на мали партиски структури. Ниту една група не сака да го види Бачев. Бачев не сака да ги види тие од Интегра. Родина е отцепена од Бојкотирам, па никој со никого не сака да се усојузи, ами има само обвинувања. Дури и во рамките на самите партиички, има дебели разидувања. Пример: Родина, која не е дури ни регистрирана, има проблем са-самими-собом, односно со идентитетот! Примерно, не го споменуваат Миленко, напаѓаат се што е во врска со него, ама главното политичко видео и презентација им е од на Миленко емисијата. Родина, во монетов ти е како некаков политички shemale.

За жал, малите наместо да тргнат во рушење на Заев, тргнуваат во исклучивост на своите ставови, навреди кон сите оние што ги одбиле (повеќекратно), кавга со секој кој и најмалку ќе ги искритикува, преписки, расправии… А, сеуште на игралиштето немаат поставено стативи, затегнато мрежи, исцртани линии со креч… А далеку се од тоа да имаат копачки, фудбали, штуцни и дресови.

И сеа, шо праиме? Ќе се фатиме со Ливерпул или ќе оставиме Шкендија од Тетово и понатаму да е шампион на државата?

ВМРО ДПМНЕ е големо разочарување уште од есента 2014-та, кога по состанокот на Груевски со Заев и уцената испорачана, партијата и раководството почнаа да прават огромни, нелогични, неуставни и незаконски отстапки.

ВМРО ДПМНЕ после чудниот конгрес во Валандово беше оставен со празна сметка и сеф, со огромни долгови на доспевање и со заложена зграда во Комерцијална. И, со огрмна поделеност меѓу членствто.

Капак на се‘, беше бегството на Груевски во Будимпешта и оставање на сите свои најблиски соработници на милост и немилост на Кацарска, Катица Јанева, Рускоска, Димишкова и слични партиски џелати.

Во меѓувреме, за 6 години, ниту една друга (македонска) партија, здружение, синдикат, структура во дијаспората, движење… не успеа да се форматира во сериозен, голем, испонителен, некорумпиран, национален, патриотски и Македонски субјект што ќе е релевантен на политичката сцена.

Немаме субјект што ќе ги брани Македонските национални интереси. Албанците дивеат во театарот, Каракачанов се распиштолил во Битола, Заев дели концесии за дрога, Макрадули увезува токсичен отпад што ги труе и децата и возрасните… Ама, никој нема капацитет да извади народ на улица. Сите обиди, од сите поединци и организации, резултираа во најдбар случај со по само неколку стотина луѓе. И тие, што не успеваат со години да соберат народ кој ќе се бори за својот идентитет и својот воздух, сакаат да победат на избори?

А, ако зборуваме за Четвртиот Илинден, сепак тоа е сценарио, организација, машинерија и финасии на ВМРО ДПМНЕ под диригентската палка на Никола Груевски и Сашо Мијалков, а во изведба на Кирил Божиновски.

Да заклучам, ви се допаднало вам тоа или не, последното големо и повеќемесечно протестирање и блокирање е она од ВМРО ДПМНЕ. Тука е исклучок оној снежен февруари, кога се собра маса, прошета од Буќет до Собрание, ама организаторот немаше храброст за ништо повеќе.

Да се вратам на коалицирањево.

Прашањето е да се руши Заев или да му се наштети на Мицкоски? Што е приоритет? Што е поважно за нас и за нацијата?

Прашањето, исто така, е дали Гораст Санковски, Сашо Панговски, Горан Шумковски, Игор Цветковски, Солза Грчева, Димитар Апасиев, Љупчо Ристовски, Јанко Бачев, Лука Александров и слични играчи (БСК Брњарци) можат да го срушат Зоран Заев?

Или сепак ќе ни треба Јирген Клоп?

 

Миленко Неделковски

Скопје, 03.02.20

08.23 мин.