КЕНЕДИ и НОВИНАРСТВОТО

За разлика од мислењето што антимакедонски центри на моќ сакаат да го претстават за мене, дека сум анти-амеркански, настроен, спротивно јас сум растен и воспитуван со американска култура.

Многу ликови и настани ми биле и ми се репер.

Меѓу другото, САД е држава која имала (одамна ги нема) лидери што го посочиле злото што ја владее планетава. Многумина од нив ја започнале борбата против тоа зло, но како во случајот со Џон Кенеди биле најбрутално убиени.

Еве овдека потсетувам на неговиот говор што директно водеше кон заговор за негова елиминација. Говор оддржан во Валдорф Асторија хотелот во Њу Јорк на 27 април 1961 година. Ова е говор на само два месеци од негвот влегување во Овал офис. Значи претставување на негоавата аѓенда за работа.

Кенеди говори за тајните организации, “отвроеното општество“, новинарството…

Ова е кратката 5-минутна верзија:

 

Еве ја и комплетната 20 минутна верзија:

 

Џон Кенеди: “Затоа нашето новинарство е заштитено со Првиот Амандман. Единствен бизнис во Америка што е директно под заштита на Уставот… Затоа што има задача да информира, да предизвикува, да ги објави нашите опасности и шанси, да ги посочи нашите шанси и нашиот избор, да води, да образува, а понекогаш и да го разбеснува   јавното мнение“.

 

За сите оние што овие некокуу години сакаат да го замолкнат новинарството во Македонија, повикувајки се на, никогаш проверен, факт дека се поддржани од САД, еве им го мислењето на иконата на граѓаните на САД, најсаканиот и непрежалениот нивен Претседател Џон Ф. Кенеди.