Кај си бе, да те ебам!!!

Кај си бе, да те ебам!!!

Во интервјуто за “Прес24“ што го правеше Марјан “Ранду“ пред некоја недела, Никола Груевски ќе изјави: “Свесни сме дека општеството е контаминирано од политика. Тоа не е добро. И тука и ние имаме свои грешки. Свесни сме дека мора да се престане со говорот на омраза и сите кои ни мислат добро како на партија а се наши подржуваци да се држат до ова. Говорот на омраза, гневот и заканите да се тргнат настрана, да не постојат. Тие се злото кое не труе сите. Тоа мора да престане“.
Значи “Говорот на омраза, гневот и заканите да се тргнат настрана“! Тоа мене ми личи како доста неприроден потег. Гнев, омраза, баш како и љубов и тага, се човечки чуства. Тие туку така не се тргаат настрана.

Најновите назнаки на Срџан Керим се да не биде напаѓан Чарлс Гарет, оти тоа било напад врза Кралицата Елизабета Втора?!

Серијата “случајни“ средби на Мирка Велиновска со странци пред Нова Година се со замолница малку да се стишало, ако е можно.

Неколкуте мои последните меил и смс конверзации со странството од преку барата, како и совети од актуелни домашни политичари е ако е можно малку по кроце со текстовите, емисиите, ставовите…

Советите од колеги новинари, уредници, директори на соодветни агенции и добронамерници е исто така во тој правец.

Овдека нема да ги пишам сите закани од познати и измислени профили во смисла “Ако не престанеш, тоа-и-тоа ќе ти се деси“.

Убаво, фала на советите. На сугестиите, во некои случаи и на наредбите.

Ама, тоа така нема да оди. Мрка капа.

Политичарите имаат гласачко тело зад нив. Тоа им ја дава силата. Од таму црпат легитимитет. Гласачкото тело ги држи, тоа може и да ги сруши. Тие имаат свој мандат во чие време се сместени во кабинети, институции, возила… Па, од таа перспектива им личи убаво кога би можела да се смири ситуацијата.

Амбасадорите ја влечат својата сила од своите држави. САД, В. Британија, Германија, Русија, Турција, ЕУ, Кина, Србија – сите, им ја даваат силата на своите амбасадори. Тие се арогантни, напувани, безмилосни, безскрупулозни, насилни… Самата држава, или сојуз на држави, од каде што доаѓа амбасадорот дава сила која е гигантска. Со таа сила може да прекројува устави, закони, да брише број на убиени терористи, да менува министри, да уценува премиери… Сила галактичка.
Од таа амбасадорска перспектива, баш би било убаво никој да не таласа, а тие да си ја бркаат работата во корист на своите интереси, а на штета на нашата држава. Кога би можело да тепаат а да не плачеме, би биле најсрекни Бејли, Гарет, Орав…

Мојата, и на ептен мала група луѓе (Мирка Велиновска, Дарко Јаневски…), сила едноствено не може да ја има ако нема експлицитност, гласност, јавност, искреност, правоверност… Немаме начин, ја немам начин, на друг начин да направам сила што ќе се ‘рва со политичари, туги амбасадори, комесари, Претседателски кабинети, идни и сегашни наши амбасадори, министри назначени од САД и ЕУ, посредници… Мојата сила е мојот глас. Мојот збор. Некогаш претеран, некогаш вулгарен, но секогаш во правец на сочувување на оваа држава.

Без јасна реченица и силни зборови, без јазик што го разбира (И КОРИСТИ) народот, јас не би имал никаква сила. Па тогаш Гарет и Бејли би си работеле што сакаат. А не како сега што се викнати во Форин офис и во Стејт Департмент да бидат рибани. Па така како што тие продолжуваат да си ја црпат силата од своите држави, ја продолжувам да си ја црпам силата од мојот начин на говор и однесување. Секој со своето оружје. Тие нивните пиштоли не ги “окачуваат на клин“, па ни јас немам намера да се обезоружам.

Чарлс Гарет, Џес Бејли, Дуња Мијатовиќ. Аиво Орав, имбецилните први луѓе на ОБСЕ во Македонија, француската амбасадорка, германскиот и колега и слични се КУКАВИЦИ. Тие би да ја тераат својата агенда во туѓа држава, би да ја рушат и федерализираат Македонија – ама ако може за тоа народот да не разбере. Многу некои “фини“ господа?! Како оној културниот волк од вицот што пред да им го бапне на шумските животни, на уво од позади, со мажествен баршунаст глас, тивко им вели “Добро вечер“. Културен, де. Ептен. Пред да ти го бапне.
Тие се луѓе што пораките до МАКЕДОНСКАТА јавност исклучиво ги даваат преку АЛБАНСКИ медиуми. Тие се кукавици што не би дишле кај мене во студио, оти после првите 10 минути не ќе знаат вратата каде е. Тие се луѓе што се жалат и ме оговараат кај уредници, газди, министри, премиери, претседатели – ама се плашат да ми се проближат.

Зошто? Зато што мојот речник и прашање се директни. Немаат одговор на прашање каква демократија и мир донесоа во Либија, Сирија, Ирак??? Колку е зголемено производството на хероин во Авганистан откако они (и АРМ заедно со нив) ја “ослободија“ оваа држава? Кој странски премиер ќе му давал работна дозвола на Верушевски? Која националност се 4-цата избришани загинати терористи во Диво насеље? Како и зошто избраа клинички Црпнат случај за свој протеже во Македонија?

Во Македонија зборовите сеир, абдал, педер, курва, пушач и стотици други се дел од говорот на народот. Тоа е незаменлива категорија. Кога ќе дојдеш во Кавадарци на гости не ти велат “добар ден“! Ти велат, “Кај си бе да те ебам“! Тоа говор на омраза ли е? Сексизам? Во Тиквешко те прашуваат “Кај е мајка ти (жена ти, ќерка ти) да ја ебам“. Дури, неколку пати, за малку на предизборни митинзи при најавата на локалниот конферанције ќе било кажано “А сега ќе се обрати лидерот на …….., да го ебам“!!!
За говорот во Прилеп, Куманово, Струмица да не почнам да цитирам. Прилепското антологиско “Ебаго“, не може да се избрише. Скопското “Кај си бе пеер“, исто така?

Да заклучам, јас додека можам ќе ја користам силата на зборот, на кажаното и напишаното. Тоа, секако, нема на сите да им се допадне. Но ја не сум во бизнис со допаѓање. Во тој бизнис е Мики Црнокрак. Јас сум во бизнист со кажување вистина. И со давање вистински карактеристики за ликовите кои ги обсервирам, ебаго.

“Јуз Д Форс“ ви рекол Оби-Ван Кеноби. Секој ќе ја користи совјата сила и моќ во оваа финална БИТКА ЗА МАКЕДОНИЈА.

Миленко Неделковски

29.12.15

08.10 часот – Скопје (магливо како и во последните 40 години).