Добрила напишала дека била згрозена кога слушнала што колешката Лиле сведочела за неа.
Е ама, ние со децении сме згрозени од тебе Добрила. Не само згрозени, ами и ни се повраќа и пролив не фаќа кога ќе те видиме на слика или ТВ.
Уште кога ќе се потсетиме каква одвратна, охола, груба и вулгарна беше на судењата каде од судија се претвараше и во судија и во обвинител и во џелат подготвен на властодржецит да му испорача се што ќе посака, тогаш само сода бикарбона и два прста помагаат да се изблуе сето што го имаме во себе а се однесува за тебе.
Велиш си имала кариера подолга од 30 години?
Да, токму затоа, заради тебе и таквите како тебе што судството го приватизираа и си го направија свое гранапче со децении наназад, државата дојде до ова дно.
Меѓу другото и судско дно. Судство каде за 150 ќебапчиња се лежи три години, за кубење злосторник каква што е Рада пет, а за киднапирање и претепување човек се добива укор (Курто Дудуш)!!!
М. Неделковски
Дудинка
28.01.20