Каракамишевa – volume 1.

Каракамишевa - volume 1.

Проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска
СДС, ЧУВАЈТЕ СИ ГО ДОГОВОРОТ ДОМА АКО ВИ Е ТОЛКУ ЛИЧЕН!
(прв дел)
Не знам какво ви е вам чувството, ама јас одлучив да не го слушам прескапо платениот крекачки оркестар на релативизитори и лажови и нивниот геноциден опис и попис на она што треба сами да си го направиме за да умреме на својата 27-ма година, замислени како по нашата 15 годишна народна смрт ќе влеземе во некакви сојузи како зомбирани граѓани! Се трудам, не да не, ама еве не им ја разбирам логиката, затоа што едноставно ЛОГИКА НЕМА!
Прво, од официјалните изјави на челниците во ЕУ може да се заклучи дека Унијата не сака очи да ни види во наредните најмалку 15 години! Тоа го рекоа сите релевантни лидери што нешто значат во Унијата!
Второ, наредната година се изборите за Европскиот парламент кои ќе донесат огромен пресврт во политичките позиции на Унијата! По новите европски избори ништо нема да биде исто ниту во Комисијата, ниту во Советот на ЕУ, ниту во Европскиот совет! Можна е сериозна внатрешна реорганизација која одамна се најавува, но сега изгледа добива најмногу плодна почва! Идеите за формирање „клуб на клубови во Унијата“, како и Унија трансформирана во концентрични кругови се се погласни наспроти најрадикалните најави дека наредната година се можни и нови сценарија за ЕГЗИТ на повеќе држави!
Најавата на Орбан дека сериозно размислува Унгарија да го започне излезот од Унијата е најсвежа! Во таа насока е и шведската, италијанската, полската, чешката политика! Во една ваква констелација на односи, кога во Унијата врие, СДС се одлучува за френетична и лажна пропаганда дека референдумот е за наше зачленување во ЕУ и во НАТО што е стратегија НАДВОР ОД УМОТ! Пукање во срце со калашњиков!
Има ли некој од СДС со три чисти да излезе и јавно да се спротивстави на оваа тешка манипулација со граѓаните? Па да беше референдум за влез во ЕУ ќе требаше сите поглавја да бидат веќе затворени, а не ниту едно отворено како што е сега, и „за“ одлуката за влез во ЕУ да гласаат најмалку 903.000 гласови плус референдумот да биде задолжителен, а не консултативен како што сега го утврди Заев усно?!
Ако оваа лага не е доволна еве одам натаму.
1.Во референдумското прашање договорот со Грција е ставен во контекст на нашето зачленување во ЕУ и НАТО, а не во тоа што создава нова држава, нов народ, нов идентитет на Македонците кои ќе бидат прекрстени во некакви граѓани! Овој референдум не е ниту за членството во ЕУ, ниту за НАТО, туку ИСКЛУЧИВО И САМО ЗА ПРОМЕНА на уставното име на државата, за промена на македонскиот национален идентитет, за промена на македонската историја, култура, традиција, референдум за ОБЕЗЛИЧУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД! Сето обезличување мора да се направи на референдум за да странците и нашиве предавници си ги исперат рацете! За да не сносат никаква одговорност! Референдумот им е перфектно смислен план за перење на своите валкани раце! За утре, ако не дај боже биде успешен референдумот да почнат со приказните „ама ете вие така сакавте, ние само ја спроведуваме демократската волја на граѓаните!“
2.Се релативизира се до степен на дебилност која ни ја навредува нашата колективна, но и лична интелигенција. Да се каже јавно, јасно и гласно дека од овој договор нема подобар и дека за Македонците ова е историско лото или бинго за иднината е навистина блудничење врз сите наши здраворазумни сетила. Да се разбереме од старт, овој договор е едно такво преварантско и расипано копиле од текст што не вреди ни опис да му дадеш, не па да го примениш на своја кожа. Ама кога бумбар е застанат на чело колоне мора да се биде исклучително внимателен кој измет ќе го заобиколиш, а кој ќе му го вратиш во лице! Затоа што ваков ексклузивен измет друг бумбар не ти носи!
Што му фалело на договорот, тоа е најчестото прашање што го добивам од симпатизерите на Заев. Иако се се поретки, сепак симпатизери се, мора да бидат удостоени, мора да им се објасни на сите, па макар нека се и најзакоравени и најиспрани во умот! Секој еден мора да биде свесен што презема за своја, ако веќе не се сеќираат за колективната судбина и иднина!
1. Договорот е срам за меѓународното право. Тежок нокдаун за вековните меѓународни правила и норми. Тежок удар врз човековите права, врз слободата и демократијата. Тежок дебакл на Уставот на РМ и законите, и тоа на домашен терен нанесен од домашни играчи! Со овој памфлет од хартија инфлагранти и in concreto се повредуваат сите документи што се набројани во преамбулата на договорот. Целиот вординг користен во преамбулата е обратен од она што договорот ќе го донесе во пракса кога ќе почне неговата промена! Договорот ја крши Повелбата на ООН, ги крши сите релевантни акти за заштита на човековите права, ги крши актите на ОБСЕ, а посебно ги гази вредностите и принципите на Советот на Европа. Поради ваквата фалична содржина која многу лесно може да се докаже пред судските органи ќе се бара негово поништување!
2. Договорот е правно непостоечки, бидејќи е склучен меѓу една држава која има правен субјективитет и својство на правно лице, тоа е Хеленската Република, и „Втората страна“ која како no name страна нема утврден правен субјективитет, нема дефинирано име! Потписот на Никола Димитров не ја дефинира втората страна. Димитров е неовластено лице да потпишува ваков вид договори. Од друга страна, тоа што намерно и со умисла да успее обезличувањето на Македонците е ставен и втор дел во договорот кој се однесува на прашања од областа на економијата, здравството, спортот, земјоделството итн. не му дава овластување на Димитров да биде негов потписник. Мешањето на национални, идентитетски и историски прашања со економија, туризам, спорт и рекреација е врв на политичкото самоволие, но и казниво дело! Ставање потпис на договор што не е во твој делокруг на работа Никола е казниво дело! И ти тоа добро го знаеш, затоа веднаш се скри зад Владата ама тоа не те ослободува од твојата индивидуална одговорност! Во Законот за склучување, ратификација и извршување на меѓународните договори прецизно е утврдена постапката за склучување на меѓународен договор што ти, Никола, целосно ја погази, исто како и Уставот! Како склучен од неовластено лице, овој договор не може да произведува правни последици, дополнително што Законот за неговата ратификација не е потпишан од претседателот на Републиката и не е објавен во „Службен весник“!
3. Договорот не е договор! За договор треба двете страни да имаат согласност, да има реципроцитет во правата и обврските, посебно да биде симетричен во обврските и приближно еднаков во правата! Овој „договор“ е радикално асиметричен, и со ултимативен карактер, бидејќи создава само обврски на „втората страна“ и права за Хеленската република. Условените обврски на Хеленската република не се сметаат за вистински обврски, бидејќи се условени од остварувањето на обврските на „втората страна“ што е само по себе уцена!
(продолжува)