КАРАКАМИШЕВА

КАРАКАМИШЕВА

Да не беше трагична денешнава прес-конференција на Владата ќе беше најкомичното нешто што Македонските граѓани воопшто го слушнале и виделе на политичката сцена во државата!

Најголемите неработници и џаболежачи што воопшто ги држи земјинава топка одржаа прес со наслов “365 промени за 365 дена” и се изнафалија дека “Македонија ја направиле земја со економски раст и раст на плати?!, дека граѓаните имаат повеќе парииии??? дека градат држава по европски правила…леле мори мајко…дека ИДЕНТИТЕТОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ Е ПОТВРДЕН?! (тука веројатно мислат на новиот, на северномакедонскиот или на горномакедонскиот?) дека биле вистински патриоти кои ја носеле Македонија напред, аууу???, се пофалија дека повеќе НЕМА никаков ПРИТИСОК ВРЗ СУДИИТЕ, дека медиумите се слободни… замислете се пофалија дека покажале што е лидерство???
НИ СРАМ НИ
ПЕРДЕ!!!

И повторно се осудија да го испоганат и исквернават Илинден на јавна сцена, кога Ципрас избриша патос со нас и нашата историја, а Шеќеринска се избламира за сите пари со изјавата од пред само 5 дена дека ако не се прифател предлогот Република Илинденска Македонија немало да важи целиот пакет решенија, денес сите си се поплукаа и како да ништо не било се испофалија дека граѓаните ќе испишат ново поглавје во историјата-четврти Илинден?!

ДА, ДА ТОЧНО, ГРАЃАНИТЕ МНОГУ БРЗО ЌЕ ИСПИШАТ НОВО ПОГЛАВЈЕ И ЧЕТВРТИ ИЛИНДЕН ЗА МАКЕДОНИЈА, АМА ТОА НЕМА ДА БИДЕ СО ВАС ОДМЕТНИЦИ!!!