Втор пат во неколку години Васко Евтов е набркан од Канал 5 телевизија. Како куче.
Овој пат има проблем што ја нема телевизијата А1 па да може да се плаче во нивните дебатни емисии, вести и слично. Сега, како и првиот пат, му преостанува да оди во Алсат, каде за да му се емитува емисијата мораше да плаќа по 2.500 евра по емисија. Васко е единствен пример во светот. Сите квалитетни новинари и емисии се канети и плаќани да бидат на програмите на телевизиите, само “Хефталица“ плаќа. Тоа му доаѓа како “Топ шоп“.
Сега и разузнавачот од кабинетот на Иванов нема да има каде да дава тајни (Строго пов.) информации и сознанија за да се прават емисии. Кратко, ете, траееше и таа уредничка кариера на извесен Синиша.
Разликата помеѓу тазе лукративен преторијанец и патриот, значи разликата помеѓу Васко и мене, е во тоа што јас го исшупирав Канал 5. Јас го објавив фашистичкиот договор од Канал 5 и јас му пратив писмо дека еднострано го раскинувам договорот. Васко, ете втор пат дочека да е набркан.
Што се однесува до медиумските сатрапии слуги на Бејли, типовите како фамилија Стојменови (“драгиот“ Стојменов), Иван Мирчевски (пуленот на Гордана Стошиќ) и Зоран Трајчевски (уништувачот на ЕМО Охрид и судбините на стотици фамилии) – први единствен што ги обзнани е Миленко Неделковски.
Сите потоа се “након првог, свако је други“.
25.05.2017