Добро, еве да направиме резиме.
10 дена минаа од изборите, а 7 месеци од распуштањето на парламентот.
На победата на СДС, иако резултатот е нерешен со гласовите на Левица, најмногу се израдуваа самонаречените патриоти, квази десничари, лажни интелектуалци и неостварени а амбициозни ликови (т’пи, ама упорити). Демек загубило ВМРО ДПМНЕ, загубил Мицкоски… Тоа што загубила Македонија и што како резултат ќе има згаснување на нашата татковина не ги интересира овие “родољуби“ на батерии. Ним им е важно само нивното его, нивните неоставарени амбиции, нивните желби – важно им е да ги излечат своите фрустрации. Но, жалам, за таа нивна болест лек нема.
Луѓето играат славенички танц врз ковчегот на покојна Македонија која чека да биде спуштен во гробот и насипан со земја.
Ликови и ликови продефилираа пред очите на јавноста. Од ВМРО ДПМНЕ актуелни, ама и оние ставени на страна. Набркани од истата партија. Одамна излезени од партијата. Продефилираа малите партии тазе формирани но и оние кои постојат над една декада. Таа парада не пројде и без партии кои не беа навреме регистрирани. Продефилираа и професори, мерачи на јавно мнение, амбасадори, аналитичари, стручњаци, експерти…
Секако нивните амбции, желби да се наметнат, идеи што требало да се прави – се нивно право кое никој не смее да им го попречува.
“Сва права“ се вика тоа во Америкен покер што се играше по Скопје во минатиот век.
Но тие “сва права“ ги имам и јас за да можам јавноста да ја потсетувам на минатиот труд на тие луѓе. Под “минат труд“ го подрзабирам и трудот во менување професии, партии, функции, ставови…, но под минат труд подрзабирам и такви кои никогаш ништо не направиле ама се голем мерак за ум давање. Тоа се главно John Doe типови што откриле во позни години (како и Фрчко, впрочем) како е слатко да се пипне женско цице.
За жал, Македонија е нападната од волунтаристи што си умислиле дека се знаат, а своето знаење го научиле (баш како и Фата од вицот со Мујо) од гледање телевизија. Па си рекле, види као е едноставно да си водител, новинар, аналитичар, опинион мејкер.
Тоа е секако нивно право да го прават, бидејки нели две баби една комшика и бакалџијата им рекле дека се многу добри, но немаат право да се лутат и да извираат гнев кога тие епитети од мајка им не ги споделува народот.
Па, погледнете. Оние кои не успеаја да соберат ни по десетина или неколку стотина потписи, од инаку половина милион луѓе што го бојкотраа референдумот, сега се гневни оти никој не ги есапи. Партиските ботови од големите партии по наредбите на своите центри удираат наоколу, бидејки сите се виновни за слабите резултати, само нивните партии не.
Уште еднаш да повторам, јас на моите ФБ страници и на Јутјуб не бришам коментари и не блокирам профили. Негледам друг таков демократски лик како мене во Македонија. Бидејки сите би сакале за нив да се пишува само убаво. Кај Миленко е дозволено да критикувате, напаѓате, па дури и вреѓате. Запрашајте се дали кај вас на профилите дозволувате таква слобода?
Реално, не ги читам сите коментари, оти едноставно ги има премногу, а јас во мојата библиотека имам подоста непрочитани книги кои сакам да ги пројдам додека не се појавам пред Св. Петар.
Па затоа на овој начин сакам да направам генерален одговор за сите што читаат и коментираат кај мене, однсоно уште еднаш да потсетам дека тревата на Вембли е најубава затоа што редовно се полева и се коси! Ама не вчера и денес, туку 100 години наназад.
Па така, ако сега почнам да пишувам ретроспектива на своите лични и професионални успеси, или да направам свое CV, ќе ми треба еден месец пишување, а вам една година читање. Сепак, да потсетам, дека сите мои проекти (новинарски, спортски, фудбалски, патриотски…) сум ги направил без НИКАКВА поддршка од организации, партии, банки, невладини, фармацеутски босови, олигарски, бандити, криминалци… Напротив, се сум си напавил сам. Се било Pro bono.
Навистина сум се соочувал со обид за кражба на моите проекти. На пример, за големиот митинг на Пела, во една емисија пред 2-3 години каде учествуваа Брис Дамовски и Богдан Илиевски, повозрасниот од нив двајца се представи себе си и својт помлад партнер како организатори на тој велелепен собир. Секако, во време на таа емисија партиски послушни, по сугестија на Кире Божиновски и Никола Груевски заборавија да се сетат дека тој митинг беше организиран од мене (Борис, исто како и Генерал Стојков, професор Тентов и Ранко Бубамара помагаа. Бетмен не го паметам дека тогаш постоел). Од мене и од Македонскиот нард беше тој митинг, од едноставна причина што тригерот за митингот во вторникот беше мојата емисија со Мирка од петокот. Ниту една емисија, ниту еден водител и ниту еден гостин не успеале со својот настап да извадат 35.000 луѓе на улица.
Но имаше и друг комични крадења. Во спортската емисија на МТВ каде што водител беше Златко Калински, сега веќе покојниот Александар Мац Атанасовски (во договор со водителот) објави дека тој ја организирал турнејата на ФК Варадр во Јужна Америка. А, вистината беше дека ниту ги знаеше менаџерите (Ривера од Шпанија, Барнабеи од Италија), ниту имаше контакти, ниту знаеше јазик, ниту имаше авио билет за него. Па со судни маки нему и на Ванчо Чукаре билет им плати Ристо Гуштеров заедно со билетот на својот брат кој дојде со нас во Бразил, Аргентина и Уругвај.
Но, кој бил таму, си знае.
Да се вратам на главната порака што сакам да ја споделам. За себе се имам изнаслушано милиони глупости, а сите со текот на времето се испоставиле дека не се точни. На пример, во најсилното време на Сашо Мијалков, на ФБ главно беше “тебе те штити Сашо“, кога ќе падне ќе видиш што ќе ти се деси. Ниту Сашо ниту некој некогаш ме штител, Сашо падна ништо не се деси. Потоа, дури и од блиски до себе добивав обвинувања дека сум се договорил со тој-и-тој политичар па ќе сум станел амбасадор, директор на МРТВ, директор на Јасен, ќе ме кандидирал Бачев, ме плаќал Вице… Плус, дека Грујо ми дал пасиште и кози… И, глупостите, ете, никогаш не излегоа дека се точни. Спротивно, за да учестувам на камел Трофи, на рели Париз – Пекинг, да ги интервјуирам најдобрите (Сена, Пике, Мансел, Бергер, Хант, Вилјамс, Алборето…), да ги интервјуирам снајперистите од Мајдан, во среде Париз да ме проглсат за најдобар истражувачки новинар во целиот свет, да направм интервју со Бутрос Бутрос Гали, да влезам во бегалскиот Џангл камп – не можел да ми сврши работа ни Грујо, ни Сашо, ни Вице ни Мицко…
Но, она што со сигурност го знам е дека никогаш не сум сменил страна, онаа патриотска, Македонска, традиционална, тврда. Никогаш не сум имал никаква партиска или државна функција. Не сум дозволил никој да ме заврбува, а стотици се обиделе. Никогаш не сум наседнувал на СУМ прикаските на Сотир Костов. Никогаш не сум бил во ниту еден управен одбор, ниту од државна институција сум земал пари за хонорари како Апасиев на пример, никогаш не сум ја кршел канцеларијата на председателот како Апасиев, никогаш не сум земал тендер за било што. Спротивно од обвинувањата, ниту во бомбите ниту во документите, ниту во ЈО, ниту во СЈО нема нешто Миленко да зел, рекетирал, изнудил, истендеришел. Пасиштето, кое е на член на мојата фамилија е концесија која ја поседувала фирма која пак е купена од мојата фамилија. Концесијата на предходниот сопственик му е дадена од владата на Владо Бучковски, а тој поранешен сопственик и тогаш беше советник на највисокото раководсто на СДС, а и сега му е советник на Заев.
За разлика од најразчлични комични ликови, никогаш не сум бил член на ниту една партија, никогаш не сум сакал да станам партиски функционер, никогаш не сум бил во ниту една комисија…
И се така 40 години наназад, како и тревата на Вембли впрочем.
Така да ако и после толку омаловажувања, измислици, навреди, подметнувања имам толку многу гледачи, читачи, следачи на социјалните мрежи, ако и после три години од издавањето на забрана да имам емисија на телевизија од страна на амбасадата на САД, ако и после толку многу филтрирања за гледаност на Јутјуб и читаност на Фејсбук, сепак останувам фактор со кој си имаат проблем сите што сакаат да им се заборави минатиот труд – значи дека сепак се работи за квалитет, истрајност, работа, доверба и години историја. Исто како и Вембли.
Ја ќе продолжам да ја полевам и косам тревата како и досега.
Миленко Неделковски
Скопје, 25 јули 2020
20.44 часот