Каков бе подобар договор?!?!?!

Каков бе подобар договор?!?!?!

Пак исползе од дувлото!

Александар Николовски:

  • Јас сум апсолутно убеден дека може да се постигне подобар договор од овој со Грција.  Сметам дека можеме да седнеме и да го препреговараме договорот, затоа што сметам дека е и во интерес на Грција да се реши ова прашање и не можам да се согласам дека Грците немаат никаков интерес да се реши ова прашање и можеме да постигнеме апсолутно подобар договор, договор кој нема да значи промена на Уставот на Република Македонија“.

Што е “во интерес на Грција“ на мене и Македонскиот нард апсолутно му е еписибр. Нам ни е важно ШТО НАС НИ Е ВО ИНТЕРЕС. Капиши?

Нема “подобар договор“, има само Репбулкиа Македонија ерга омнес. Тоа го вети ВМРО ДПМНЕ, вклучително и Претседателот Иванов.

Излези на следните избори како ВМРО ДПМНЕ со “стратегија“ дека ќе има “подобар договорё“, значи дека нема повеќе да има Република Македонија, па да видиш резултати еднакво на локалните од лани.

  • Тоа значи дека една идна влада на ВМРО-ДПМНЕ би се спремила многу подобро, би ангажирала многу повеќе експерти околу себе и доколку сега не помине оваа промена на Уставот, затоа што ако помине граѓаните треба да се свесни дека работата е завршена, но доколку овој договор не е прифатен од граѓаните и од Парламентот, ние сме подготвени со оваа или со некоја друга грчка влада да преговараме и сум убеден дека ќе постигнеме подобар договор“.

Работата не е и никогаш нема “да биде завршена“. Бидејки како некоја промена на закон или устав се донесува, така и се менува. Само е прашање која партија ќе се нафати на таа сизифовска и МАКЕДОНСКА борба?

“Една идна влада“ не ни треба ако е иста како оваа сегашна на Заев.

И, уште еднаш, нема “подобар договор“. Има Република Македонија ерга омнес.

 

Ај сега назад у дупка.

 

 

Миленко Н.