И сеа, шо праиме?!

И сеа, шо праиме?!

‎На крајов на годинава, во судиско надополнување, да прецизирам. И да разгневам многумина што не сакаат да си ја видат/чујат вистината за себе. Па така, вечерва со сарма, прасе и вино ќе легне му-ебем-све-по-ред-на-оној-козарот муабетот.

Значи годината си замина. Изборната година си дојде. Колку и да бега муртинското копито, во 2020 ќе загуби на избори кога и да се гласа.

Од оние што треба и можат да ја преземат власта, единствен реален организационо и финансиски моќен субјект е ВМРО ДПМНЕ. Со сите милион грешки, фатени кривини, лоша кадровска политика, недефинирана национална стратегија, нерешителен однос кон виталните штетни договори и преговори (Преспански, Тиранска, Бугарски…), со баласти од минатото – сепак тие се единствено кадарни да го срушат Заев.

За ала-бала активистите, самодекларирани како патриоти и антисдсмовци, дојде време на соочување со реалноста. Чукна на врата моментит на вистината за сите оние што се чукаа во гради дека баш они на плеки го изнесле референдумот (30.09.18), дека они биле иницијатори на истиот, дека они повлекле народ, дека… Се така фалби, а кога ќе побараш на Гугл пребарувачот текстови за бојкот излегуваат само оние на Миленко!!!

И, еве сега, вака стојат работите:

1. Родина на пребегот од кај Бачев, Зоран Славјански, не успева да се регистрира како партија. 1.000 потписи не може да собере.

2. Шарениот активист и фрлач на презервативи со боја Апасиев, не успева да собере 1.000 потписа за својата Левица.

3. Комплетната структура на Интегра всушност е само еден човек, Љупчо Ристовски.

4. Палчо пред да го затворат не успеа да дојде ниту до 300 потписа за својата Трета.

5. Лука Александров ја има истата судбина како овие погоре. Нема следбеници.

6. Разните #Бојкотирам аномимуси скриени зад профили со лажни имиња, разни пазилеџи, чизови и слични кој на прва кривина се расцепуваат оти човекот на Синиша добива понуда да мине во тимот на Хорхе – не успеваат нити примарната организациона структура да ја постават, а камо ли да влезат во собирање потписи.

7. Единствениот спротивен пример од овие погоре набројаниве е Единствена Македонија. Имаат структура, членство и валидна регистрација. А од пред некој ден и финансии. Нормално, и тие се соочуваат со своите баласти од минатото, но се единствена крајно десно националистичка партија која регуларно постои во Македонија.

Да заклучам:

Бачев бич сељак и удбаш?! Ама па граџаниве и цивилниве од многу мозок што им тече низ уши не успеваат ниту да се регистрираат. Ниту пак знаат што бара и предвидува изборниот законик. У фаза се на градење куќа од оџак. Прво си ги поделија функциите!

Жмиц бил Жмиц и бил предавник и играл за истиот газда ко и Заев! Да, ама е единствената сериозна, организирана и финансиски способна партија да го сруши Заев. Друга НЕМА.

Ама знаеш, не ми се свиѓа Мицкоски, Бачев… А Заев ти се свиџа ли?

Сите мали здруженија и партии се со главна стратегија на своите листи и во своите редови да ги имаат Тања, Миленко, Мирка, Пандов, Бобан, Панчевски, Ачковска… Оти самите нив, и како партија и како поединци, никој жив не ги знае и препознава. Па си самото тоа и нема да ги гласа. Би се шлепале они на минатиот труд и сегашниа реалност на капиталциве.

Но, Миленко, а мислам дека и другиве се со сличен ако не и ист став, е СОЛО играч, и игра само ЗА НАРОДОТ. И, таму каде што е нај СИЛЕН, таму и натаму ќе работи во корист на својот народ.

 

Убава Новогодишна ноќ,

 

М. Неделковски

Македонија

31.12.19

13.00 ч.