Астероид поголем од две статуи на слободата се приближува на Земјатa.
Огромното небесно тело се очекува да пролета покрај Земјата со околу 9.500 милји (15.288 километри) на час на 24 јануари.
Џиновски астероид се приближува до Земјата, но нема ризик од судир, покажаа записите на НАСА.
Американската вселенска агенција го класифицираше XC62 2017 како „Објект во близина на Земјата“ (NEO), за кој НАСА верува дека е широк најмалку 189 метри.
Тоа значи дека астероидот е повеќе од двапати поголем од Статуата на слободата.
Научниците на НАСА продолжуваат да внимаваат на огромното небесно тело, кое во понеделник треба да се приближи колку што може до Земјата, движејќи се со брзина од 9.500 милји (15.288 километри) на час.