И НИВ ГИ ЛАЖАТ

За да се разбере што се случува во владеачкиот блок во државава, како и да се разбере кои наредби ги добиваат за потоа непоговорно да ги послушаат, мора да се читаат апологетите на власта.

Сашо Орданоски е еден од нив. Дводецениски соработник на германската БНД и две-и-пол децениски корисник на донациите што ги добива од криминалните структури на Косово што се бават со шверц и дилање на дрога. Заедно со сопругата Бјанка и братот Ванчо,  вљубеник и жесток поддржувач во проектот “Голема Албанија“.

Тој редовно, безмалку на дневна база има свои колумни во провладините, односно во режимските Либертас и Плусинфо.

Најновата колумна му носи наслов “ Комесарот Хан, 137-ми пат“.  Посветена е на најавеното доаѓање на Хан во Скопје, но и на нејасната агенда на овој чиновник на фашистичката врхушка од Брисел.

Затоа е вредно да се прочита и протолкува она што Орданоски го пишува.

Прв впечаток е дека овој заговорник на “Големо албанската“ визија заборавил на казината на Хан во Гевгелија, но уште поважно тој е НЕЗАДОВОЛЕН и РАЗОЧАРАН.  Пишува  дека советите, односно наредбите од ЕУ и НАТО се “побрзајте полека, ама не нагло, но и не многу споро, иако не пребрзо“…

Мене ова ми говори дека уште далеку пред изборите, море дури и во времето пред бомбите, кога “големите од надвор го спремаа Заев“, друго било ветувано и договарано!

Ова ми личи дека како што на ВМРО ДПМНЕ му беше ветувано и беше континуирано прелажуван, сега исто и се прави на  Владава на Р. Македонија составена од соросоиди.

Очигледно е дека биле ветувани големи и брзи промени во корист на албанската, бугарската и грчката страна. Затоа, Орданоски вели во колумната “посетата на еврокомесарот Хан идната недела во Скопје ќе има една главна задача “да ги смири малку критиките кон Владата на Заев“.

Орданоски и “констатира“ зошто се критиките кон “Владата“: “се однесуваат на благото разочарување кај профукционираната македонска јавност од досегашните не толку „работни резултати“ и за насоката по која се движи новата власт“.

Јоханес Хан ќе дојде во Скопје, тоа го знаат сите од Бејли до Цацко Конопишки, да им ја соопшти жалната вест дека на НАТО и ЕУ им треба стабилност а не безредија, апсења, рушења… Еве ја таа реченица каде поразениот од ваков тек на настани Орданоски пишува: “реформите се важни, но уште поважна е стабилноста што ќе треба да ја произведеме и да ја сочуваме барем до средината на идната година, до кога се очекува исполнувањето на големите задачи од македонската евро-атлантска агенда.“. Да преведам, до влегувањео во НАТО ќе биде товариш Заев нарани кучета и не пипај дугмета. Само внука ти може да се слика со Ноле. Чудно, “малата“ не изразила желба да се слика со некој бугарски или албански спортист!!! Не се “ин“ уф Струмца.

Да не ситничарам, но Ордановски ист така е незадоволен што “премиерот ни е, главно, на пат во странство“, иако странство е широк поим, па Словачка и Словенија може да станат едно исто. Заев може да стане и централно европски обединител.

Разочараниот и поразен Орданоски, исто како и неговиот пајташ Героски се повинува на решението на газдата па вели: “ Ќе се правиме дека ја разбираме неговата посветеност и дека сме уште подготвени да го толерираме нашиот продолжен „лет во место“, заради завршување на „големата приказна“…“.

Тоа е поентата на она што Сашенка сака да каже. Ова сега е лет во место. Не се испорачува она што се договорило. Албанците исто така сакаа да потсетат со ултиматум од 72 часа. Ама тие 72 часа еве станаа две недели, а како е напишано во колумнава на Сашенка, ќе станат и 6 месеци и година дена. До тогаш треба мир, вели Орданоски, потоа што бидне.

Она што се гледа во писанието, а и при посетат на Вајгел, е дека на “меџународната“ за изведување на планот и треба ВМРО ДПМНЕ и и треба не таласање.

Затоа Фатиме си се журка со Нора, а не работи. Затоа нема ништо од ултиматумот од 72 часа. Затоа нема пуштање на теророристите од Диво насеље, ами ќе има некоја меѓунардона комисија (ако не сакаш да се заврши работа, формирај комисија). Затоа нема да има рушење на споменици. Можеби нешто спорадично да оди курбан колку да се замачкаат очи. Затоа нема да има апсења и притвори.

Е, ама сите овие работи пред бомбите и пред “победите“ на изборите им беа ветувани на Сашенка, Геризче, Борјанче и секое друго соросидче. Тие чекаа, чекаа – и не дочекаа.

И сега се незадоволни.

Значи, прво Македонија во НАТО, па потоа ќе видиме.

Единствено кое е добро во колумната на Орданоски е лоцирањето на теренот и начинот каде и како Русија би попречила во интегрирањето на Македонија во НАТО. Па тоа не е “про-рускиот диктатор Груевски“, не е проруската партија во формирање на Палчо, не се ниту честите патувања на половината од лидерската двојка на “Заедничка Македонија“ во Москва.

Ниту преку еден од нив нема да реагира, ако сака да реагира, Русија, туку тоа ќе си го направи преку својот најверен партнер на Балканот – Грција.

Еве го цитатот: “јас ако се прашувам, Русите сѐ уште можат да ни ја расипат нашата евро-атлантска забава и тоа не со своите постапки во Македонија – туку во Грција.

Малкумина во Скопје се занимаваат со или го разбираат руското влијание кај нашиот јужен сосед, а тоа е многу поголемо и пораспространето отколку кај нас. Почни од Грчката црква, преку традиционалните левичарски идеолошки и други влијанија, до големите руски бизнис интереси и кај грчката десница, па до хистеричните популистички и прото-фашистички еленистички кругови, не знаеш до кои сѐ нивоа и до чии сѐ кабинети и приватни сметки е стигната руската „бургија“. Можам само да замислам колку милијарди руски и пара-руски пари се испрани низ грчкиот бизнис со банкротот“!

За ова, Сашенка е комплетно во право.

 

 

Dudinka

14.11.2017 Skopje