Историска паралела

Историска паралела

За оние што пред 15 години мочкале во пелени па не можат да знаат, а и за оние што пробуваат да заборават, еве ја ИСТОРИСКАТА ПАРАЛЕЛА помеѓу претседателските избори 2004-та и овие што треба да се оддржат сега во април:

  1. По убиството на Борис Трајковски со месеци Бранко Црвенковски премиерот не‘ убедуваше дека нема да се кандидира. Исто и сега, премиерот Заев, како и неговиот ментор БЦ тогаш, не‘ убедува дека нема да се кандидира.
  2. Тогаш во 2004-та Бранко Црвенковски немаше цензус (50%), па во последните 120 минути од гласањето му помогна повикот на Никола Груевски и Ганка Самоилова Цветановска.
  3. Претседател на Државната изборна комисија (ДИК) задолжен за изборен фалсификат беше Стево Пендаровски, сегашен потенцијален кандидат за претседател од СДСМ.
  4. За да се покрие грабежот и пополнувањето на околу 1,5% мањак за цензусот во неколкуте дена од “пребројувањето“  беа направени атрактивни медумски апсења на поранешниот генерален секретар на СДСМ Љупчо Поповски, 4-цата обвинети за Раштански Лозја Стојков, Кикереков, Утковски и Цетков, Миленко Неделковски и уште едно апсење.
  5. Кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Сашко Кедев беше кукла која овозможи БЦ да се доближи до цензусот толку блиску па да може Стево Пендаровски да фалсификува.
  6. На тие избори ВМРО ДПМНЕ загуби со 550 наспрам 330 илјади гласови.
  7. Како резултат на тој пораз, 10 месеци подоцна на локалните избори СДСМ го победи ВМРО ДПМНЕ со освојување на 37 наспроти 21 градоначалничко место нз Македонија. ДУИ имаше 14. Значи, СДСМ му бегаше на ВМРО ДПМНЕ 16 градоначалници, додека истиот тој ВМРО ДПМНЕ имапе само 5 градоначалници повеќе од ДУИ.

Ете кој бил копиљ тогаш, или кој не сака да се потсети, јас да му ги кажам несоборливите факти.

На изборите сега во мај, повеќе од неопходно е ВМРО ДПМНЕ да победи на локално ниво во трката за градоначалници во Ново Село и Охрид.

Но тоа не би смеело да дојде во колизија во борбата за конечно совладување и рушење на тоталитаризмот на Зоран Заев. Не смее да се дозволи промоција и победа на Зоран Заев или некој негов испрдок за претседател на државата.

Историјата е мајка на знаењето.

 

МН