Има нека тајна веза…

Има нека тајна веза...

Ги исплакавме сите српски глумци што заминаа во вечните ловишта.

 

Image result for kafana kod besmrtnih

 

Ги прегеледавме нивните валтери, да се не љубимо, национални класи, пас ко је волео возове, маратонци, балкан експреси, сутјески, неретви по 100 пати.

Image result for kafana kod besmrtnih

 

Ги изнапеавме сите југословенски поп, турбо фолк и шлагер песни. Од Иво Робиќ и Драган Стојниќ, преку Лео Мартин и Џими Станиќ, заедно со Јуре Стублиќ и Галија, па се до Томпсон и Ана Николиќ.

Image result for легенде југословенске музике

 

Се изнавиваме за Џурџица Бједов, Миро Церар, Мате Парлов, Звезда, Хајдук, Дражен, Пикси, Блеки, Дуци…

Image result for блеки богичевиќ

 

Се изначитавме колумни на Тијаниќ, Лазански, Рудан, Торбарина…

Image result for tanja torbarina

 

Се изнакупувавме Ферал Трибун, белградски Спорт, српска Политика, љубљански Ауто Магазин, стрипови од Горњи Милановац…

Image result for стрипотека

 

Ништо од погорново не се случи кога се во прашање грци, албанци и бугари! Ниту еден бугарски глумец не сме оплакале. За нас немало бугарски Драган Николиќ, или софиски Цуне Гојковиќ, ниту пак пловдивски Индекси.

Зошто е тоа така?

Па затоа што Даворин Поповиќ пее “Има нека тајна веза“. Таа веза е што пријателите од север не ни ја негираат државата, нацијата, јазикот, идентитетот и историјата. И затоа што споделувавме исти вредности и вредности системи во кои не се вклопуваше дострелот наречен “две червени“ и пеачките од типот на Ратка Пиратка.