“Имаме различен ментален склоп…“

“Имаме различен ментален склоп...“

Многу пати сум напишал и пробал да објаснам во своите телевзиски настапи дека право да навиваат “за своите“ имаат членови на навивачки групи, членови на партии, членови на корпорации… Го имаат секое право да навиваат до ниво на забегување, ама немаат НИКАКВО ПРАВО да ги тераат другите да навиваат и забегуваат како нив.

Навивањето некој го прави како израз на љубов и верност кон клупските бои (Комити, Шкембари, Гробари, Цигани, БББ, Торцида…), други заради додворување за добивање (или одржување) партиски функции и принадлежности, трети од причини што веруваат дека нивната Кока Кола  (Адидас) е боља од спротиставениот Пепси (Пума)…

Нивно право, која и да им е причината. Но, немаат НИКАКВО ПРАВО да бараат нивната причина да е и моја (или на некој друг) причина. И, немаат право заради тоа да ставаат етикети, наместо да дебатираат со аргументи.

Во контекст на ова мало објаснување е и мала поука како да распознаете навивач од реалист.

Пример ќе земам од последнава “Македонска поделба“ во врска со протерување странски дипломат. Настапите на телевизија, текстовите (што ги претставуваат како колумни) на пропартиски портали, ФБ постови и коментари на високи функционери на ВРО ДПНЕ (Александар Никловски), поранешни членови на ИК што сакаат пак да се членови на ИК (Никола Србов), на верни партиски членови (Амдуш Демири), на инструирани од Центарот за комуникации Фејсбук активисти (ги има неколкумна) , на членови што избегале и смениле две три парти па се вратиле назад кон матичната (Владо Ѓорески), “новинари“ што верноста кон Сорос ја замениле  со верност заради скромна порталска егзистенција  (Љупчо Златев) – бликаат од едностраност, необјективност, навивање, глупирање…

Па така, да напишеш дека проблемот со името не може да се реши со Грција заради Русија, а притоа да имаш амбиции за високо научно звање, е таков дибетлак (доаѓа од зборот дибек) за кој не постои мерна единица. Плус, покажуваш дека твојата парти и ти самиот, иако историчар, сте спремни да го смените името на Република Македонија. Да заборавиш кој го направи бегласкиот бран од Косово, кој ни ја направи војната 2001-ва, кој го направи Вејце, Карпалак, Бриони…, кој го направи Диво насеље и чии инструктори беа фатени и убиени од нашите безбедносни сили е ДИБЕТЛАК.

Натаму, да тврдиш и со големи болдирани буви објавуваш дека независноста 1991-ва ни ја “дале“ В. Британија, САД, Франција и друготото западно весело друштво е моронштина (доаѓа од зборот морон) за која исто така не постои мерка единица со соодветно скалило. Тоа покажува дека ти и твојата партија сметате дека нашиот народ не бил и не е способен сам да си направи држава, туку мора некој да ни ја “даде“! Тоа потсвеста говори низ текстовите, фројдовски покажувајки дека сегашната гарнитура на ВРО ДПНЕ чека тие од запад  да им “дадат“ враќање на власта и влегување во “Коциките на Вардар“. Згора на тоа да се правиш чукнат и да “заборавиш“ дека уште тогаш (веднаш) Русија те признала под уставно име, а В. Британја, Франција, САД и остала весела дружина на “западот“ сеуште не. И, ако сега помисливте дека најдовте “слаба точка во текстов“, не се мачете: САД не‘ нема признаено под уставно име Република Македонија, ами по терторија Македонија.

Крајно, текстовите да се пренатрупани со зборови што би требало да навредуваат од типот на “србофили“, “србомани“, “србољупци“, “шумадински курви“ – како, демек, определница за дел од народот во Македонија, а да го немаш балансот па во постовите да имаш и зборови и навреди како “бугаорфили“, “бугаромани“, “бугарољупци“, “татари“ – значи дека си фатил страна. Онаа бугарската, татарската. Бидејки ниту еден текст немаш каде го критикуваш и бараш укинување и поништување на договорот со Бугарија, на барањето БПЦ да била мајка црква, не го критикуваш раскурчувањето на Божо Димиров и Кракачанов низ  Скопје, не се буниш за симнувањето на Ќосето!!!

Значи, слободно навивајте си. Имате право на тоа. Но, не очекувајте и другите да навиваат како вас. И не очекувајте другите да бидат морони како вас па лидерот да го именуваат со “лидериште“, или со “следниот премиер на РМ“ и слично, а всушност се работи за политички недокажана фигура и органиационо неспособен водач кој како генерален секретар на партијата го доживеа најголемиот и најсрамен пораз во историјата на таа партија. И тоа пред само пет месеци.

За среќа, Македонија има синови и ќерки патриоти, македонољупци, македоноиди, македонофили… Има исто такви интелектуалци, новинари, колумнисти, просветни работници. Читајки ги нив среќен сум што не сум осамен реалист и македонофил кој сака Македонија да не “добива“ влада каква што “западот“ сака, кој не сака супермација ниту на НАТО ниту на Русија врз нашата територија, која ги цени соседите до ниво со кое тие не ценат нас, кој сака да е свој на своето.

Како илустрација на овој мој скромен текст, посочувам дел од феноменалната петочна колумна на Алек Русјаков, за уште еднаш да покажам на кого се однесува оваа моја колумна:

“…расипанава плоча за партнерството со САД, ЕУ и НАТО и немањето алтернатива без нив, како навиени ја верглаат еден куп новинари, интелектуалци, академици, уметници, активисти, односно, според мене, таканаречената интелектуална бижутерија“.

Од текстот на Алек што топло ви го препорачувам да го прочитате (http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetail?title=%D0%97%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D1%81%D0%BB%D0%B5%D0%BF%D1%86%D0%B8&id=dba1bfcb-3efb-4c9f-9ef3-5c4d1cf15383 )

би ги искористил думите за себе си да се лоцирам, односно да покажам дека не сум навивачки фан, ами реалист:

Очигледно јас и тие имаме сосема различни визии за тоа што е партнер. Ма не само различни визии, јас и тие припаѓаме на различни времиња, епохи, имаме различен ментален склоп“.

 

Бидете така, навивајте си и понатаму,

 

Миленко Неделковски

Скопје  01.04.2018