ИЛИ ТИЕ ЌЕ ТЕ ГАЗАТ, ИЛИ ТИ ЌЕ ГИ ГАЗИШ !

ИЛИ ТИЕ ЌЕ ТЕ ГАЗАТ, ИЛИ ТИ ЌЕ ГИ ГАЗИШ !

НАСЛОВОТ НЕ Е МОЈ, ТУКУ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ И СЕ ОДНЕСУВА НА ОДНОСИТЕ МЕЃУ МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА И БУГАРСКАТА ВЛАДА (Спомени на Гьорче Петров, София 1927 г.,124).

Од своето животно искуство Делчев го сфатил тоа, кое ние 120 години подоцна не сакаме да го разбереме. Не зборувам за денешниот македонски политички измет, кој заради бизнис интереси и фотелји е подготвен да ги продаде своите родители и деца, а што останува пак за македонското име, јазик, историја и идентитет. Од времето на Александар Македонски, подоцна во времето на Самоил, во македонската преродба, во време на Пијанечката Република, Македонското Кресненско востание, Илинденското востание, Балканските и двете светски војни и до денес политичкиот измет паразитирал врз македонскиот народ и го уништувал. Затоа и Делчев вели: „Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови-изроди како македонскиот“ И СИТЕ ТИЕ ИЗРОДИ ДО СЕГАШНИОТ ЗАЕВ, ГИ ПРАВАТ СВОИТЕ ВЕЛЕПРЕДАВСТВА И УНИШТУВАЊА НАВОДНО ВО ИМЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, ЗА НЕГОВА ИДНИНА. ЗА ИДНИНА ВО БАНДИТСКИ ОРГАНИЗАЦИИ КАКО НАТО И ЕУ. ЗА ПРИЈАТЕЛСКИ ОДНОСИ СО БУГАРСКИОТ ФАШИЗАМ И НЕОФАШИЗАМ.

НЕМА НИКАКВА РАЗЛИКА МЕЃУ БУГАРСКИТЕ ДЕЈСТВИЈА ОД ВРЕМЕТО НА ЕГЗАРХИЈАТА, ОД ВРЕМЕТО НА ИЛИНДЕН, СВЕТСКИТЕ ВОЈНИ, ВРЕМЕТО НА ЖИВКОВ И ДЕНЕС. ЗАТОА ШТО СТАНУВА ЗБОР ЗА ЕДЕН НАРОД, ЧИИ ГЕНЕРАЦИИ СЕ ЗАДОЕНИ СО ГОЛЕМОБУГАРСКИ ШОВИНИЗАМ. ЗБОРОВИТЕ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО СЕ ЕДНО, А РЕАЛНОСТА СОСЕМА ДРУГА. КАКО ШТО СЕ СОСЕМА РАЗЛИЧНИ ЛАГИТЕ НА ДЕНЕШНАТА АНТИМАКЕДОНСКА ВЛАДА ВО САМАТА МАКЕДОНИЈА И ТУКАШНАТА РЕАЛНОСТ.

Прашајте ги нашите Македонци од Пиринска Македонија за сегашните тортури, тепачки и дури убиства од бугарските власти, со кои тукашниот политички измет сака пријателство. Не зборувам за тортури од Втората светска војна или од времето на Живков, туку ЗА ТАКВИ ВО МОМЕНТОВ. Точно во моментов Бугарија демонстрира фашизам во континуитет во однос на Македонците, на Помаците, на Ромите, на Турците и на другите нејзини малцинства. Затоа се и бројните пресуди против Бугарија во Стразбур.

АКО САКАШ ПРИЈАТЕЛСТВО СО ФАШИСТИ, ЗНАЧИ И ТИ СИ ФАШИСТ. АКО ПАК КАПИТУЛИРАШ ПРЕД ФАШИСТИ, ЗНАЧИ СИ КВИСЛИНГ, НИВЕН ВАЗАЛ. АКО ДЕНЕШНИТЕ МАКЕДОНСКИ ГЕНЕРАЦИИ ПРИФАТАТ ДА БИДАТ ВАЗАЛИ НА БУГАРСКИОТ ФАШИЗАМ, ЗНАЧИ ДОБРОВОЛНО ПРИФАЌААТ ДА ЈА ИМААТ НИВНАТА СУДБИНА ПО ИДНИОТ ПОВТОРЕН РАЗГРОМ НА ФАШИЗМОТ. ЗАТОА ШТО СЕГА НЕ СЕ РАБОТИ ЗА ЕВРОПСКАТА УНИЈА (која фала му на Господ ќе остане илузија за Македонија), ТУКУ ДАЛИ ЌЕ СЕ ЗАЧУВАМЕ НЕ САМО ИДЕНТИТЕТСКИ, ТУКУ И БИОЛОШКИ, ПО РАСЧИСТУВАЊЕТО СО ФАШИЗМОТ.

Денешната пропаганда ги залажува Македонците со ЕУ во име на илузорен консумеризам: високи плати, материјални добивки, богата потрошувачка. Тоа е исто како лагата кон Евреите во концлогорите да влезат во коморите за да се избањаат, а им пуштаат гас за труење. МОМЕНТАЛНО МАКЕДОНИЈА Е ЗАТВОРЕН КОНЦЛОГОР И ДОДЕКА НÈ ЗАЛАЖУВААТ СО ИЗЛЕЗ НАДВОР, КОН ЕУ, НИ ПОДГОВУВААТ ЛИКВИДАЦИЈА.

Во минатиот век Бугарија потпишала многу „договори за пријателство“ И СИТЕ НЕ САМО ШТО ГИ ПРЕКИНАЛА ЕДНОСТРАНО, НО И ПРЕКУ ИНТЕРВЕНЦИЈА ВО „ПРИЈАТЕЛСКАТА“ ДРЖАВА. Македонските генерации мора тоа да го знаат. Мора да се знае и тоа дека во средниот век на Балканот се водела просечно по една војна на секои три години. Мора да се знае и тоа дека само за последните 3600 години во светот се воделе около 14 500 војни, а меѓу 1816 и 1965 година – 367. За последните 150 години САД пак учествувале во 148 воени интервенции, а  и новата администрација на Бајден ќе продолжи во духот на Обама.

КРАТКО КАЖАНО, СО МАКЕДОНСКИТЕ СОСЕДИ МОЖЕ ДА ИМАМЕ САМО ДОГОВОРИ ЗА ТРГОВИЈА И ТУРИЗАМ ПРИ РЕЦИПРОЧНИ УСЛОВИ. НИШТО ПОВЕЌЕ.

МЕЃУТОА, ЕВЕ ПРАШАЊЕ ЗА РАЗМИСЛУВАЊЕ: ЗОШТО МАКЕДОНСКИТЕ БАНДИТИ МОЖАТ, А ПАТРИОТИТЕ НЕ МОЖАТ ДА СЕ САМООРГАНИЗИРАТ?

Само во 2019 г. во Македонија имало вкупно 20 106 кривични пријави, а во таа бројка се убиства, палежи, грабежи. Значи криминалците можат да се самоорганизираат и да грабаат магазини, банкарски експозитури, станови, куќи, без да чекаат некој да ги организира. Само што, кога станува збор за одбрана на македонското име и идентитет, се жалиме дека немало лидер да нѐ организира. ЧЕКАЊЕТО ЛИДЕР Е ИЗРАЗ НА КУКАВИЧЛУК ВО МАКЕДОНСКАТА ПСИХА, ОПРАВДУВАЊЕ ЗА НЕДЕЈСТВУВАЊЕ. Македонскиот политички измет од една страна го манипулира македонскиот народ, а од друга страна му се лути кога не гласа по неговиот ќеф. Истовремено, македонскиот народ три децении гласа за изроди, а потоа ги плука и чека некој да го поведе на прав пат. Во суштина, ние сме жестоко поразени од конзумеризмот уште во времето на Југославија. Затоа криминалците немаат проблем како патриотите да се самоорганизираат. Ако бидат фатени, и едните и другите ќе лежат затвор. Но ако не бидат фатени, криминалците ќе уживаат со заграбеното, а за патриотите останува само моралната победа дека казниле некој предавник. ПРОБЛЕМОТ Е ДЕКА МОМЕНТАЛНО КАЈ НАС НЕМА ИДЕАЛИЗАМ, НЕМА  ПОДГОТВЕНОСТ ЗА ЖРТВУВАЊЕ. СЕКОГАШ ВО ПРЕДВИД СЕ ИДНИ ПРИВИЛЕГИИ, ИДНИ ФОТЕЛЈИ. А ЗА ДА СЕ ДОБИЈАТ ТИЕ, МОРА ДА ОСТАНЕШ ЖИВ. ЗА ДА ОСТАНЕШ ЖИВ, ПАК ПРАВИШ КАЛКУЛАЦИИ.

ЗАТОА НЕ МОЖЕМЕ СУШТИНСКИ ДА ГО СФАТИМЕ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ, КОЈ „БЕШЕ ИДЕАЛИСТ ВО СРЖТА“ и „ВЕРУВАШЕ ДЕКА МОЖЕ ДА ГО ПРЕРОДИ СВЕТОТ“ (Г. Петров).  Ние сакаме не само да го наполниме „мешето“, туку и да имаме многу повеќе отколку што ни треба. Такви нации и држави се на умирање.

ЗАТОА ЗАПАДНИОТ СВЕТ Е ПРИКЛУЧЕН.

И НИЕ КАКО ГЛУП НЕГОВ ПРИВРЗОК – ИСТО ТАКА.

 

Стефан Влахов – Мицов

30.11.20 – Македонија