ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ НЕ Е ПРАЗНИК ЗА БУГАРИЈА
Наспроти удирањето в гради на Бугарија дека Илинденското востание има бугарски карактер и е востание за ослободување на бугарското население во Македонија, интересно, бугарската држава досега не посевтувала многу внимание на овој ден и не го славеле 2 август како празник.
Ниту пак 19 август како ден кога е започнато Преображенското востание.
Ниту пак постои било кој ден кој би бил одбран а во кој двете востание би биле одбележани од бугарската држава.
Впрочем, еве ги деновиве кои се прогласени за официјални празници во Бугарија и кои беа, односно се неработниво 2017 година во оваа држава:
1 Јануари – Нова Година;
3 Март – Ден на ослободувањето на Бугарија од Османлиското ропство;
16 Април – Велигден;
1 Мај – Ден на трудот;
6 Мај – Ѓурговден, Ден на храброста и на бугарската армија;
24 Мај – Ден на бугарската просвета и култура и на словенската писменост;
6 Септември – Обединување на Бугарија (ден на соединување на Источна Румелија со Кнежевството Бугарија во 1885 година);
22 Септември – Ден на независноста на Бугарија (1908 година);
24, 25 и 26 декември – Бадник и Божиќ.
Се разбира, неофицијални одбележувања имало, но тоа е сосема различно од третманотшто Илинден го има во Македонија. Така, за неколку дена ќе дојдеме во ситуација Бугарија да слави нешто на територија на друга држава што не го слави на територијатана својата.