Изјвата за НЕ ПРИЗНАВАЊЕ долгови на мое име

Изјвата за НЕ ПРИЗНАВАЊЕ долгови на мое име

                                                                                    И З Ј А В А

                         Д О  Н О С И Т Е Л И Т Е   Н А  С У В Е Р Е Н И Т Е Т О Т  Н А  Д Р Ж А В А Т А   –

                                     Г Р А Ѓ А Н И Т Е  Н А  Р Е П У Б Л И К А  М А К Е Д О Н И Ј А

                                                   Доставена преку Претставничкиот дом –

                                                    Собранието на Република Македонија

 

Изјавувам под целосна материјална, морална и кривична одговорност, при чиста совест и здрав разум, дека не признавам правни, политички и финансиски долгови создадени и предизвикани, во мое име и за моја сметка, од страна на нелегалната и нелегитимна Влада избрана врз основа на договори што се во спротивност со Уставот и со уставното уредување на Република Македонија, како и се спротивни со принципите на меѓународното право, важечките меѓународни договори ратификувани од страна на Република Македонија и Резолуциите на Генералното Собрание на Обединетите Нации.

Принципот на немешање во домашните, внатрешните работи на независните држави е еден од најцврсто воспоставените принципи на меѓународното право. Забраната за мешање во внатрешните работи на државите е суштински дел од правото и политиката на секоја држава да има свој суверентитет, да има сопствен територијален интегритет и сопствена политичка независност. Повелбата на ООН, во член 2 прецизно наведува дека ООН е заснована на принципот на суверената еднаквост на сите нејзини земји-членки. Сите земји-членки треба да ги решаваат споровите на мирен начин без загрозување на меѓународниот мир, безбедност и правда, и дека во меѓународните односи сите земји-членки не смеат да го загрозуваат територијалниот интегритет и политичката независност на која било држава.  

 Од друга страна, и во Декларацијата за принципите на меѓународното право што се однесуваат на пријателските односи и соработка меѓу државите во согласност со Повелбата на ООН  [UNGA res. 2625(XXV) 1970] стои обврската за немешање во домашните работи на која било која држава. Генералното Собрание на ООН има усвоено Декларација за недозволеноста за интервенција и мешање во домашните работи на државите (UNGA resolution 2131 (XX) 1965), а принципот е исто така потврден и од страна на Меѓународниот суд на правдата во случајот “Никарагва”.

Имајќи ги предвид важечките одредби од Уставот на РМ, сите законски норми содржани во позитивното право на РМ, како и ратификуваните меѓународни договори, ги сметам за ништовни и не ги признавам правните акти донесени од нелегалната и нелегитимната власт инсталирана во месец јуни 2017 година со кои целосно се нарушуваат суверенитетот на државата, нејзиниот територијален интегритет, политичката независност и уставно-правниот поредок на Република Македонија. Во превод, сите акти предложени од нелегалната Влада, а доставени до нелегално избраниот Талат Џафери на функцијата Претседател на Собранието на РМ, не ги признавам, и нема да ги применувам во правниот промет.

Изјавувам дека не ги признавам и нема да ги применувам во правниот промет:

  1. Договорот за добрососедство преговаран од страна на нелегалната Влада и ратификуван од страна на Собранието на Република Македонија со кое претседава нелегалниот Претседател на Собранието на Република Македонија.
  2. Задолжувањата на граѓаните на Република Македонија преку различни форми на странски кредитирања и издавање на домашни и странски обврзници од моментот на избор на нелегалната Владата на Република Македонија.
  3. Против-уставнот закон за употреба на јазиците предложен од страна на нелегалната Влада, а усвоен  од страна на Собранието на Република Македонија со кое претседава нелегалниот Претседател на Собранието на Република Македонија, доколку биде повторно нелегално изгласан спротивно надоставените забелешки  од научната и стручната јавност, како и од Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов.
  4. Какво било решение за спорот за името кое е во спротивност со Резолуциите на Советот за безбедност на ОН со кое ќе се направи обид за промена на Уставот на Република Македонија, како и во меѓународната употреба на нашето име. Нема да го признавам за свое кое било ново име со кое се менува Македонскиот идентитет, Македонскиот јазик, Македонската историја и име кое го нарушува  достоинството на мојот народ, и стратешките интереси на мојата земја.

Исто така, изјавувам дека ќе сторам се што е во рамките на моите можности да ја информирам севкупната македонска јавност за инфлаторната против-уставност што е создадена во последниве години, со цел заштита на националните интереси на Република Македонија.

 

Подносител на Изјавата


————————


 

Ова погоре е изјавата што во понеделник на 29ти јануари јас и Мирка ќе ја доставиме на адреса на следните институции и нивните архиви:

  1. До архивата на Собранието на Решублика Македонија, ул. 11 Октомври бр. 10. Скопје
  2. До канцеларијата на Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, Ул. Ацо Карамнов 33А Скопје.
  3. До архивата на Владата на Република Македонија, Булевар Илинден Бр. 2, Скопје.