ИЗБОРНА КЛАНИЦА

ИЗБОРНА КЛАНИЦА

Пред околу година-и-пол во повеќе наврати Бранко Героски пишуваше дека СДСШ не смее да излезе на избори оти тоа би значело дека ќе оди на кланица. Изборите, да потсетам, на двапати незаконски и противуставно беа поместувани.

“Кланицата“ за која овој СДСШ трабант говореше, всушност беше барање време Џес Бејли и неговите слуги од другите “цивилизиарни“ амбасади, со огромна помош на “длабоката држава“, разузнавачките служби и домашните предавници да створат простор, да го изораат теренот и да направат изборен инженеринг каде половина милион гласови на Македонците во Македонија ќе бидат релативизирани.

До “кланицата“ не дојде, но дојде до инженерингот каде му беше одземена волјата на народот.

Во тие моменти, ослабената власт на ВМРО ДПМНЕ како резултат на погубните пржинско-клубнапратеници преговори и пржинските договори, сепак ги имаше сите институции во државата под комплетна контрола. Претседател, Собрание, Влада, МВР, Министерствата, локалните самоуправи, безбедносните агенции и безбедносните сили. Во такви услови всушност ВМРО ДПМНЕ беше заклан, а не СДСШ. ВМРО ДПМНЕ отиде на кланица како кротко јагне.

Во тие времиња сеуште беше жив МПМ, иако под чудни околности со намерно смален тираж, Радио Слободна Македонија одеше во етер ама политички емисии немаше, беа блокирани со помош на предавничката улога на Зоран Трајчевски емисиите и вестите во сите телевизии со исклучок на Телма на Андреја Јосифовски и 24 Вести на Вице Заев.

И во такви услови се случи кланица. Заклан беше  оној што беше обвинуван дека ќе коле – ВМРО ДПМНЕ!!!

Заклан беше Македонскиот народ.

Половина милион луѓе, веднаш потоа останаа без својата  држава, историја, јазик, суверенитет и територија.

За 50 дена Македонија оди на локални избори.

Ќе ја користам пораката на Героски до СДСШ, но мојава е упатена до ВМРО ДПМНЕ – немојте да одите на кланица. Локалните избори ќе бидат кланица. Касапите се: албанскиот блок, бугарската држава, домашните изроди и нивниот мастер шеф касапин Џес Бејли.

Сите овие касапи  долго време се  подготвуваат да му зададат смртен удар на Македонското национално и патриотско ткиво. Организирани се беспрекорно, имаат свои импланти во ВМРО ДПМНЕ (Јолевски, Трајчевски и сл.), странската агентура работи, странската дипломатија ќе ја признае таа голема изборна кражба како легитимна. На овие избори нема да победат изработените проекти, остварените ветувања, тврдиот став кон името, пресудата на меѓународниот суд… За жал, тоа нема да се чипови во оваа покер игра.

Кои основни недостатоци ги има ВМРО ДПМНЕ во оваа битка. А кои предности ги има. Нормално, оваа анализа кажува дека она што се недостатоци за ВМРО ДПМНЕ се предности за СДСШ. И Обратно, оние адвенси на десната партија се губитнички делови на левите.

Значи:

  1. ВМРО ДПМНЕ нема да може да смета на фер и коректен однос од полицијата на РМ. Ниту на коректен однос од другите безбедносни структури. Сите тие се партизирани, СДС-мирани.
  2. Слично е и со правниот систем во државата. Сега владеат обвинители кои имале мали оценки на факултет, ама имаат голем дудлачки капаците во денешницата. Судиите кои се по реални се под ежедневен притисок.
  3. ВМРО ДПМНЕ нема да може да смета и на албански коалициони партнери, оти сите до еден пред 10 месеци го предадоа и му свртеа грб. И покрај сите остапки што во последните 10 години Никола Груевски ги направи за нив.
  4. ВМРО ДПМНЕ нема да може да смета на никаква поддршка од “меѓународниот“ фактор, оти ова “меѓународен“ е всушност збир на фашистички држави и наци лидери од западот.
  5. Крајно, ВМРО ДПМНЕ сега не може да понуди ништо како пазар за поединци или коалициони партнери. Сето што сега СДСШ ќе го нуди, ВМРО го нема: директорски места, амбасадорски позиции, вработувања… ВМРО ДПМНЕ на овие избори ниту може со нешто да се закани, ниту некому нешто да вети. Секоја партија има свои “клиенти“. Од тој клиентелизам настрадаа и Бранко Црвенковски и Љупчо Георгиевски… Клиентите на ВМРО сега ќе останат насукани на суво, оние на Заев ќе се со раката во мед. Заев сега ќе си најде свои Боциња и ЛазеЕленовци.

Кога се читаат книги или гледаат епски филмови, многу е важно да се види суштината и испратената порака. Од неа да се учи. Да се земе пример. Па така, во еден од најдобрите светски филмови на сите времиња Кум 2, во моментите по неуспешниот обид за атентат над новиот и млад Кум размислувајки од кого се предадени, Мајл Корлеоне (Ал Пачино) му вели на својот советник (консиљере) Том Хаген (Роберт Дувал): “ All my people are businessmen; their loyalty is based on that“. Во превод: Сите мои луѓе се бизнисмени и нивната лојалност зависи од тоа.

Видео на 2:30

 

Кои се предностите на ВМРО ДПМНЕ.

  1. Најнапред – народ. Многу народ.
  2. Желбата на тој народ да не биде побугарчен, посрбен, албанизиран или погрчен.
  3. Истрајноста на тој народ да има свој јазик, црква, држава, историја.
  4. Одвратноста што секој просечен, чесен и вистински Македонец ја чуствува кон Џес Бејли, Премиер-Претседателот на Република Македонија.
  5. Посветеноста на народот да нивната Македонија не стане дом на бегалци од Азија и Африка.
  6. Итроста на тој народ.

На пример, многу мали местенца во Македонија (села, предградија, делови од општини…) не согласувајки се со листата предложена од ВМРО ДПМНЕ, а несакајки да гласаат за предавничката СДСШ, прават свои независни советнички листи. Па така ако цело Иванковци, или Бузалково, или било кое такво сложно место гласаат за таква листа, загарантиран им е еден советник во советот на градот/општината. Па, ако во една општина има такви 2-3 места, ете ти општинска “пратеничка група“.  Тие советници секако се со срце и душа ВМРО, но ќе бидат баш непосредно избрани. Без туторство.

Секако, неизбежно е прашањето “што ти би направил бе козару еден“? Или кучкару, се едно.

Па јас лично не би дозволил да одам на клање како овца. Како евреите пред 70 години. Локалните “избори“ ќе се се‘, само избори нема да се. Јас не би ја играл играта на Џеси Бенгази-да-ти-се-деси Бејли. Јас не би бил “модерејт опозишн“. Не.

Јас би ја блокирал државата со пасивен отпор. Доколку ВМРО ДПМНЕ имаше 450.000 луѓе зад себе пред 10 месеци, а имаше, ваљда 45.000 ќе бидат доволно храбри ненасилно да ја блокираат државата. Институции, патишта, расксрници, пошти, аеродроми, гранични премини, САД амбасадата, МВР… Тогаш клање нема да има. Знам дека народот е многу пати извисен (да не употребам по груб збор) да излезе на улица, па после тоа “разлаз по дома“, но според мене тоа е единствениот отпор. Единствениот начин да си ја ослободиме државата од овие фашисти.

А вака со “ќе тепаме на избори“ се оди директно под касапски нож во месната индустрија “Џеси&comp.“

 

Но, тоа е само мое humble мислење.

 

 

25.08.2017

Централна Македонија

19.00 ч.