На комплетно задоволство на Македонскиот народ, делгацијата на бандата на Зоран Заев, што меѓусебно си се нарекуваат влада, изеде балгами и шлаеми на отворена сцена во Крушево. После фијаското со “прославата“ со концерти за писменце што ништо не значи од НАТО, ова е втора јасна, недвосмислена, директна и демократска порака од народот до фашистите што со помош на Џес Бејли ја водат државава.
Одговорот од фашистите е дека тоа општонародно незадоволство било ширење на говор на омраза и криминален чин, додека демолирањето на канцеларијата на Претседателот Иванов било демократија. Кога некоја власт така ги карактеризира и оценува овие два настана (Крушево вчера, и демолирањето во Скопје во април 2016-та), тогаш е јасно дека се работи за нај брутален облик на фашистичка диктатура (- “термин фашизам почнал да означува цела класа на авторитарни политички идеологии, партии и политички системи“).
СТРАНЦИТЕ
Претставниците на длабоката држава Метју Палмер и Џес Бејли ги попија балгамите заедно со се својот тамнопут домакин Кочо Анѓушев. Па на своја кожа почестени со шлаеми осетија како “75% од Македонците поддржуваат влез во НАТО“. Видоа нагледно зошто при секое нивно доаѓање и патување од аеродромот Александар Македонски до Скопје, има тешко наоружени специјалци и возила на секоја и најмала селска раскрница и надвозник. Со народ играчка нема.
Вчерашниот “пречек“ на Мекин камен е апсолутно јасен показател, нема потреба од испитување на јавно мислење, дека референдумот ќе биде рикавела. Иако се трудат и шефот на НАТО во Македонија словенец со презиме што асоцира на батлер (слуга), и словенецот шеф на ЕУ со презиме што коинцидира со зборот жохар, и триста други мафиози да го убедат народот да излезе на реферндум, тоа сепак нема да се случи. Ќе мора Заев да турка низ иституциите.
НАШИТЕ
Што се однесува до “нашите“, настрана СДС и нивните дебелоцревни паразити од типот на сестра Љубе, Чедо, Лиле, Павле и слични, засега единствени претставници на официјални институции што јасно кажуваат дека ќе бојкотира се Владиката Агатангел и пратеникот Антонио Милошоски. Другите гувеат ко млади невести.
Денот кога Заев сака да има референдум и не е така далеку. Народот јасно кажа #бојкотирам. Колку и да пимплаат ВМРО ДПМНЕ и МПЦ ќе мора да се изјаснат. Оти гласање “НЕ“ не е бојкот. Бојкот е негласање. Па така “патриотизмот“ покажан во високопарните колумни на нискочитаните портали и слабо посетени ФБ страни, ќе мора да се преточат и во јасно изразен став на партиските и верските великодостојници. За да си знаеме за понатаму.
ПОНАТАМУ
Е, понатаму Заев и Шкеринска кажаа дека имаат и план “Б“, како што впрочем и пишува во “Преспанското договарање“ Заев – Ципрас.
Под институции не се подразбира ништо друго сем Собранието. Бидејки јасно е дека институцијата Претседател е забетонирана со тврдиот и патриотски став на Ѓорѓе Иванов. А во собранието требаат 2/3 мнозинство. Односно на Заев му недостасуваат 12-тина пратеници за да си гласа комотно. Ако се прави математика, јасно е дека се климави и нерешителни кој пат да фатат пратениците на Ѕинго и на Стевче Јакимовски. Впрочем бегањето на побегуљата Чедо Саздовски, како и неколку спорни постапки на ѕинговци од типот “ме болеше колено“, јасен се индикатор дека таму ситуацијата е, што би рекле стратешките партнери, шејки.
Ако на оваа бројка се додат и пратениците што имаат дамаклов меч над главата од СЈО за бомбите и од ОЈО за 27 април, и ако додадеме дека во редовите на ВМРО ДПМНЕ има и американски зетовци, јасно е дека на Заев може да му недостасуваат само неколкумина за да си го оствари својот мрачен план за преименување на народов наш. Дали ќе ги има и кои ќе се тие ќе покаже есента и раната зима 2018-та. Секако со 50 милиони долари, колку што американската длабока ржава има одвоено за операција “Северна Македонија“, ќе почне да важи бугарската “она што не може да се купи со пари, може да се купи со многу пари“.
А НАРОДОТ?
Е, ама има еден проблем! Тука е народот. Доколку сите СДС-мовски гниди можат да се скријат зад својата партија откако народот ги нападна и вербално и со плукање и преку социјалните мрежи, таква заштита евентуален пратеник од ВМРО ДПМНЕ нема да има. Па така да, или ќе се сели кај дедо му во САД, или ќе го нема.
Ние, народот, знаеме дека Зоран Заев на избори не доби 2/3 мнозинсто во Собранието. И, бидејки е тоа така, будно ќе внимаваме со кого ќе проба и со кого евентуално ќе успее да ја достигне магичната бројка од 81 пратеник.
После тоа, ако не дај боже има такви изроди е предавници, работата со шлаеми балгами нема да се заврши.
А ПАРТИЈАТА?
Ние Македонците со право на глас немаме друг избор, немаме друга опција, не постои друг начин сем патот на ВМРО. Независно дали е некој член на партијата ВМРО ДПМНЕ, без разлика дали е само симпатизер или повремен гласач – ние сите сме ВМРО. ВМРО ни е во ДНК-то.
Георгиевски, Груевски и Мицкоски, секој посебно или сите заедно, не можат да направат ниту толку лошо за да се откажеме од оваа наша светост, ниту пак можат да направат толку добро за да го засакме повеќе ова име ВМРО.
Партијата ВМРО ДПМНЕ ова лето се тестираше себе си, сакала таа или не. Тестот јасно покажа кои кадри се прифатливи за народот а кои се пробушени долар. Најголемата победа што во своето 8-9 месечно водење на партијата ја направи Христијан Мицкоски е кога со Тања Каракамишева го избришаа подот во клубот на пратениците со лидерот и потпредседателката на СДСМ. И тој настан е лакмус хартија за тоа како ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицковски можат да стигнат до победа на следните парламентарни избори. Оти контра на тоа е зачудувачки одвратно-предавничкиот однос на функционер(и) во партијата при состаноци кај Претседателот на државата.
Оххх, да, да… ВМРО ДПМНЕ ќе победи. Но прашањето е со колкава разлика. Овие идиоти и лопови од сегашнава назови влада е неможно да не бидат поразени. Односно како дијагноза а не како партија да бидат отстранети до политичкиот живот во Македонија. Но, велам, прашање е со кој резултат ќе се направи тоа?
После победата во клуб на пратениците, извесна е и победата на претстојниот референдум. Но, тоа се само две предигри пред големото финале – парламентарните избори.
ШТО ТРЕБА ВМРО ДПМНЕ ДА НАПРАВИ?
Прво, тоа е повеќе од јасно, што е можно порано ќе мора да се отараси вошките и крлежите што се зафатени по телото на организмот наречен ВМРО ДПМНЕ. Како што куче што се истресува од вошки, така и ВМРО ДПМНЕ треба да ги исфрли сите штетници. И тоа од сите ешалони. А, нели, рибата од главата смрди?
Второто е да излезе со јасен став, наречете го тоа програма, околу најбитните работи што го засегаат гласачот, симпатизерот или членпот на таа партија. Оти тука ќе се преломува дали ВМРО ДПМНЕ ќе “победи“ со 52-53 пратеника, или ќе ПОБЕДИ со 56-57. Има луѓе во државава што значат токму толкава разлика на јазичето на вагата, односно 4-5 пратеника горе или долу.
Затоа ќе мора јасен став за:
- Дали по преземањето на власта веднаш и без задршка ќе се гонат сите криминали на гарнитурата на Заев: тендери, фонд за иновации, филмски фонд, сервисирање мерцедес, тендери, тендери за фирми формирани вчера, смрт на бебиња, смрт на родилки, убиствата на Саздо и Јанншев, ослободувањето на криминалци и терористи, против уставно и незаконски избор на претседател на Собрание, говор на омраза на тричковци, геровци, ордановци, дерали…, злоупотреба на судиската тога на разни Црпковски судијки, финасискиот криминал во СЈО и многу друго?
- Дали веднаш ќе се суспендираат штетните меѓувладини договори со бугарите и грците, и штетните закони како оној за двојазичност?
- Дали ќе се гонат за ВЕЛЕПРЕДАВСТВО и ке бидат осудени на доживотна робија Таки Фити, Владо Камбовски, Никола Димитров, Љубомир Фрчкоски, Миро Грчев, Стојан Андов и серија други, потоа составувачите на договорите што Заев го потпиша со Борисов а Димитров со Коѕијас?
Имам уште подоста точки да набројувам, но еве за почеток овие три.
Македнскиот народ, македонскиот гласач, македонскиот сипатизер и секој нормален член на ВМРО ДПМНЕ од дното на душата посакува ВМРО ДПМНЕ да се врати на чело на државата, па да се повторат деновите од сеопштиот процват во првата декада од премиерисувањето на Никола Груевски. Но, истиот тој народ, гласач, симпатизер или член, сака да биде сигурен дека откако ќе си замине СДСМ, на власт нема да дојде некој друг СДСМ само со поинакво име. Ниту ќе се повтори власт со “бомбаши“ и ненаситни ископлексирани луѓе.
Миленко Неделковски
#Македонијаж
03.08.2018 – 20.10 ч.