Тоа што неодемократичниот јужњак Теодорикакос, изјавува дека “не може да се смени еден меѓународен договор потпишан од парламентот, премиерот и министерот за надворешни работи” се само оправдувања за пред нивната публика, зошто додека биле во опозиција се противеле. И тие знаат и знаеја и тогаш дека пошовинистички, поетноциден и антимакедонски договор не може да се наметне.
Оваа изјава нема никаква врска со вистината, од едноставна причина што овој т.н.меѓународен договор е потпишан и од другата страна од прв парламентарец кој и избран незаконски, од парламент кој гласаше под принуда, уцена, закана но и до последниот чин на гласање се дојде со кршење на законите, премиерот е со неуставен мандат следствено и изборот на влада па и министер за надворешни кој згора потпишува договори со содржина вон надлежностите на МНР, а Претседателот на државата не го потпиша. Па не мора по сите точки, доволно само по една од наведениве да се докаже незаконско и/или противуставно делување, за овој договор да падне.
НО, дури и да сме болни во умот и да прифатиме дека овој договор е според сите внатрешни законски, уставни норми потпишан, без кршење на било кое меѓународно право, и да не се поведат судски постапки против потписниците и неговите изгласувачи, тоа не значи дека не може да се смени, поточно поништи или неутрализира.
Од барем 2 причини, а тоа се 3.
1.Овој тн меѓународен договор за да стапи на сила, е условен со промена на уставот во една од државите согласно содржината од договорот. Па кога во таа држава(МАКЕДОНИЈА) би се променил променетиот устав како што е волја на мнозинството Македонци, и спротивно од насоките во договорот, тогаш истиот тој договор ВЕДНАШ паѓа, станува ништовен.
2. Доколку со некој друга држава, Русија на пример, МАКЕДОНИЈА склучи договор на речиси исти теми но со содржина по мера на Македонецот преку кои се поништуваат/неутрализираат сите штетни одредби од договорот со јужниве, се дозволуваат дури и користења на македонските символи кај русиве напр, им се признава дека и тие се поврзани со славната античко македонска култура итн, па би се спровел преку парламентот, ако треба и на референдум задолжителен да се изгласа, тогаш таквиот меѓународен договор би бил со иста или поголема(поради референдумот) важност од оној со јужните токму поради референдумот.
3. Доколку се спроведат двете погорни точки, тогаш тоа е троен печат.
Значи, нека не се лапаат многу бумбари дека поради неговиот меѓународен карактер сме на нешто обврзани вечно или дека е неменлив.
Ниту е законски донесен,ниту пак е неменлив или тешко ништив, напротив.
И. Цветковски
Скопје, 18.09.19