НЕМА НАТО
Шеќеринска : “Амбициозни сме за неколку месеци да станеме членка во најголемиот воено – политички СОЈУЗ.”
Устав: “Одлуката за стапување или истапување од сојуз или заедница со други држави e усвоена, ако на РЕФЕРЕНДУМ за неа гласало мнозинството од вкупниот број избирачи.”
E па мило ми е за изјавава на компирокуварката.
Дааа, точно е, НАТО е СОЈУЗ или ЗАЕДНИЦА со други држави, а во такви заедници и/или сојузи се губи и дел од сувереноста за разлика од членството во меѓународните организации.
За членството во НАТО имаше ли референдум ???
🙂
–Е сега, или референдумот од 30.9.2018 има обврзителен карактер за што претходно мора да се прогласи законот за референдум од 2005 како противуставен, барем во делот за одлуки кои се незадолжителни,или консултативност, ако бараме изрична правда, право и мир нели..и така е според секоја здрава логика, владеење на мнозинството и правото, што значи дека НЕМА промена на име-идентитет, НЕМА НАТО, НЕМА ЕУ
🙂
–или ќе мора да се организира НОВ референдум, само за НАТО, и тоа веднаш, што значи дека референдумот од 30.9.2018, како е дојдено до него, прашањето и она на што се однесува ги прави незаконски и неуставни што па ги прави дибеци сите комуњарски правници кои го правдаа прашањето на референдумот од 30.9.2018 г. како законско, по што мора да следи казна за сите вклучени во таквиот референдум
🙂
–или тој нов референдум ќе мора да се организира ПО 2 ( ДВЕ ) ГОДИНИ, по 1.10.2020., ако веќе се цепа тврдоглаво како што доликува на комуњарскава багра, дека референдумот од 30.9.2018 бил законски, според устав, бидејќи според законот за референдум од 2005, кој ако не се прогласи за противуставен во меѓувреме, референдум по исто прашање може да има дури по две години.
🙂
Како и да е, зачленувањето во НАТО во овој миг е НЕЗАКОНСКО-НЕУСТАВНО и тоа според закон кој е неуставен, но дури и да се третира како уставен како што се прави до сега, а ако поинaку се изјасни Уставниот суд и се продолжи со незаконското ем неуствно( од било која страна гледано) насила набутување во НАТО, тоа ќе биде брутално, очигледно, кршење на Уставот и законите какви и да се, што секако еден ден ако се ослободиме од окупаторскиве квислинзи ќе бидат санкционирани сите учесници во овој правен терор, па и Уставните судии и сите други за непостапување според службена должност при очигледно прекршување на сите правни рамки и тоа токму од оние кои се најповикани да го штитат тоа право, ако веќе немаат никакви скрупули што си играат со здравиот ум на народот.
Игор Цветковски
Скопје, 06.09.19