Игор ЦВЕТКОВСКИ

Игор ЦВЕТКОВСКИ

.

Тоа што се мисли дека е изгубено и затоа не вреди ни да се брани, значи само едно, дополнителни загуби и во луѓе и во територија онаму каде што сеуште се мисли дека се има некаков надзор—ако се продолжи ко што зацепале Вучиќ-Дачиќ.(важи за сите).

Доколку Србија сака да зачува барем дел од она што и преостана и да го спаси полуостровот од инвазија на неавтохтони секакви отпадоци, едноставно ќе мора да го брани(да влезе со војска и полиција) ЦЕЛО Косово, без политикански калкулации.
Доколку Европа сака да има мирна идна пролет ќе мора да отстапи од поддршката на Албанците.
Доколку Русија сака подобро да се заштити при нападот кој и го спрема РАНД и да има какво такво влијание на полуостровот, мора да ја надмине прес дипломатијата.
Доколку Албанците сакаат да преживеат на полуостровот, во било која варијанта, мора да сфатат дека токму со остварувањето на Голема Албанија е почетокот на исклучително брзиот нивни крај на овие простори.
Доколку ние како Македонци сакаме да добиеме во било која варијанта, мора да настојуваме на македонзација на целиот полуостров(буквално исти права за сите народи и реципроцитет за сите малцинства колку и да се, кај и да се,тргање граници, неутралитет, еконосмка-финансиска слободна зона цел околиш-излез на три мориња со географско среде Скопје) и да ги отстраниме по секој цена Заев и конструктивците од било какво идно договарање–така ќе добијат сите.

Зошто, како и да е, после војната пак ќе мора да се договори нешто, па…

 

Мај 2019