-Аргентина, Венецуела, Куба и Мексико се на страната на Моралес.
-Бразил идната недела се збираат БРИКС-аши, при еуфорична атмосфера на бразилскиот народ ради ослободен Лула–прв јужноамерикански соработник на Путин и Џинпинг. Бразил им се лизна од рацете на неолибералните дип-стејташи-кога и да има избори ова би се потврдило.
-Уругвај за две недели очекува победа на про-Моралести.
-Еквадор исто, кога и да се одржат изборите.
-Чиле после 50 години се буди, и таму многу многу веројатно е да се смени власта накалемена преку пуч од англо-ционизмот
-Парагвај е као неутрален, но дозволи полнење гориво на боливискиот авион на пат кон Мексико за разлика од Перу.
Другите јужноамерикански држави, освен Никарагва, ако не го следат овој бран на тн леви победници и антиимперијалисти може да дуваат само во погрешна лула без никаков учинок.
Пучот во Боливија може да биде само мало времено подсмирување на збудалените јуесофеј демократи и некои неокон кругови во Пентагон, но и сериозна поука за јужноамериканскте суверенисти да не ги оставаат работите на случајност како што направи Моралес со генералите во восјката и полицијата.
Колку и да се имаат позитивни социо-економски резултати но и подигање на достоинството на домородниот народ како во Боливија, сепак за владеење без поголеми потреси предизвикани од платежите на обоените револуции, ќе мора да се има сериозна контрола врз полицијата и војската, со свои луѓе и забрана за мешетарење на разни НВО-а колку и да е тоа прогласено за недомкратски од едни други леви, њугриндилаши, суштински фашистички неолиберални империјалисти.
Покрај ова пучот во Боливија ни покажа дека доверба во Католичката Црква, која има огромно влијание во Јужна Америка, не смее веќе да се има и никако во организацијата на американските држави (ОАС) која се јавуваше како смирувач исто како ЕУ во Украина.
Сепак, нови избори во Боливија се очекува да има за 2-3 месеци. Моралес или некој сличен по сензибилитет домороден кандидат ако се појави сигурно би победил со најмалку 10% разлика,што е огромна пречка за неолибреланите измеќаро да направат божем демократско-изборно преземање на власта во Боливија од домородците кои се покажаа и врвни економисти. Било каков поинаков резултат би значел страотни немири и граѓанска војна која со оставката на Моралес е избегната, засега, а во услови на веќе променета политичка клима на целиот континент но и на самиот почеток на новиот светски поредок во кој влијанието на англо-ционот е драстично намалено, таквата војна би значела сигурна смрт за неолибералните воинствени и пучистички расположени јужноамерикански генерали.
Пучот во Боливија, има па една друга добра и една лоша работа.
Се издадоа лажните анти-дипстејтовци како Стив Бенон на пример, со неговата поддршка за пучистите, но и се налепија крлежи како британскиот левак Корбин, кој веќе добива предизборни поени и од британските суверенисти.
Инаку јужно-американските “леви” анти-империјалисти се исто што и европските “десни” суверенисти. Мултиполар.
И сите заедно се на чистилиште сега.
п.с. Литиумот од/за Боливија е исто што и дијамантите од/за Африка, нафтата од/за Саудсика Арабија, гасот од/за Русија…
Игор Цветковски
Скопје, 12.11.19