Дечки,
ако ова (сликава) е максимумот што можете да го направите, обудувајки се да го оправдате вашето предавство преку оспорувањето на патриотизмот на вистинските патриоти, ДЛАБОКО СТЕ МЕ РАЗОЧАРАЛЕ.
Уште полошо, ова е уште еден доказ дека партијата со реформаторите на чело и со “центар кон десно“ (Николовски, Мицковски…) стратегијата ја носите во пропаст. Од демократска, од десничарска, од традиционална, од семејна, од Македонска, од револуционерна – ја направивте пудинг. Сеприсутниот волунтаризам кај вас, односно апсоутното отсаство на проефсионализам, ве стави во категријата што Лане Гутовиќ (Шоиќ) така пластично ја објаснува со: “За да се биде политичар неопходен е целосен недостаток на било каков талент“.
Да појдам со ред, во врска со сликава која би требало да ме “убие“:
- “Американска воена јакна“!!! Најнапред, немам една ами ДВЕ.
Плус имам шешири, каубојски чизми (купени од Далас Тексас), опасачи, безбол капи, дуксери… Ама, имам и гардероба од Армија Русије, колку заради детант. Ама не верувам дека ќе може тоа да го разберете.
Сета US Army “гардероба“ редовно си ја купувам и обновувам кај мој пријател од Германија кој е колекционер и реставратер на воени возила од втората светска војна (WW II ми е целоживотен хоби и тема на проучување). http://www.a-so.de/Home/kontakt/kontakt.html
- “Американски воен џип“! Овој кој е на сликава што го возам не е мој, ами на едни пасионирани колекционери и реставратери од Кавадрци (татко и син). Иако во 90-тите имав еден таков што го купив од Велес. Сега имам 2 Jeep Cherokee 4.0 и еден Ford Explorer. Се е Made in America. Две од трите возила се купени на лицитација од САД амбасада во Скопје. Јас инаку сум возел и сум бил прв и единствен сопственик на Линколн Континентал Таун Кар, блиндирано возило сопственост на последниот САД амбасадор во Југославија Цимерман. Ден денес луѓето се сеќаваат на него. 8.000 кубика. Моторот за климата беше како мотор од сто-кец. Сум имал прв и единствен Јагуар 4,2 со два резервара, 4 округли фара напред… И, ако земам да ги набројувам, че не запролети. Па така, кога вашите татковци и дедовци од страв од Сојузот на Комунистте и Социјалистичкиот сојуз на работниот народ, а и за да бидат партиски правоверни, возеа Москвичи, ПЗ-ејки, Лади и Запарошци – Миленко возеше амрички аута. И во 70-тите, и во 80-тите, и во 90-тите и во 21-от век.
- “Кога ќе те осудат“! За ова не знам како ќе се докажеме, освен со ваков официјален документ:
Има ли ваков документ Директорот на “Центарот за Комуникации“ на ВРО ДПНЕ? Или е он обвинето лице кое се гони за кримниал?
А, и да прашам, зошто за Иво Котевски никогаш не е побарана мерка притвор? Бидејки сопругата му е судија, ли? И кога е веќе судијка, од “Сваровски“ судијките ли е, или пак од овие за кои Груевски вели дека се злонамерни и инструирани против него? И, онаков докумет од погоре, има ли бившата шефица на Котевски – Гордана Јанкуловска? Или бившите директоти на центарт за комуникации. Или тој центар го водат се од ред криминалци, како што ги окаректиризируваа Гордана Јанкулвска и Зоран Ставревски луѓето со кривични пријави. И како, бога ти, кај “измамник за амеркански визи“, повеќе пати гостуваше Гордана Јанкуловска кога и требаа гласови за парламентарни избори?! И како кај истиот тој “измамник“ гостуваше Никола Груевски 10-тина пати?! Дали Партијата на Јанкулвска и Груевски била поддржувач и содружник со измамници и осудени лица?
4. “Децата во САД“! Моите деца си имаат свој пат уште со наполнети 16 години, откако законот им дозволи да живеат самостојно. А не да се трутови што спијат до пладне и им се смеат на келнерите дека биле келнери, трошејки џепарац од родителите. Моте деца сами, без помош од мокни политичари и богат татко, си се исшколуваа, вработија, оженија, направија кариера, купија аута и куки… И, перфектно зборуваат македонски, меѓу другото во компаниите каде си работат ги користа за превод на Македонски и Српски од англиски, и обратно. И, бидејки според Иво Котевски (Центарот за Комуникации) ова да ти било грев, да прашам каде и со какви документи живеат децата на обожаваниот им министер за одбрана Зоран Јолевски, фамилијата на Ставревски, фамилиите на министрите за странски инвестиции??? Моите деца ги немаат ли истите права како нивните деца?
5. “Фејсбук“ бил на американец“. Па и Лук Оил е на руси, па се полни гориво таму?! И со руски ракети од руски космодроми се качуваат деловите и потребите за американските вселенски станици! Мислам, тапчовци, точкава 5 што покажува за вас? Освен дека сте глупи? Заради Абрамович не навивате за Челзи, ли? Ало, кочете малку, испопадасте у кривину.
Оние кои ги објавуваат ваквите слики и текстови се ботови. Значи не постојат. Но тие што пишуваат и како путиња се кријат зад тие ботови, би требале, ако можат, да прават разлика помеѓу Амрика, американци, америчка гардароба, американски филмови и музика – и АДМИНИСТРАЦИЈА НА ТАА ДРЖАВА. Оти политичарот, лидерот на таа држава, не е исто што и народот. Американците се нормален народ, а Америка си е супер место. Длабоката држава, Пентагон, Форин офисот и слични се друга работа. Не е Обама некој си Сем од Небраска. Ниту е Буш некој Џон од Вајоминг. Не ги генерализирајте работите, само колку да исполните задача да напиешете нешто што ќе наштети некому (еве на мене, на пример). Државата и водството е едно, а народот сосема друго. Доколку лидерот и народот би било едно те исто, сите ние би требало да сме Зоран Заев. Сите би требало да сме црпнати од муртинското блато. Сме ли? Како ви делува некој странец да ви каже “Ај бе и ти си ист Заев“?!
Да ве прашам, дали оваа моја “шизофрена криза на идентетот“ ја има и професорот Горазд Росоклија. Бидејки, нели, во САД живее, а Македонија ја сака и брани. Ја брани со критички текстови токму кон Вас. Да кон Вас што бевте кај него во САД на Колубија, се испофаливте кај Цукерберг дека сте го посетиле, ама Професорот буква не напиша, камо ли да постира слика со вас.
И дали, “шизофрена криза на идентитетот“ имаат и МАКЕДОНЦИТЕ од САД и Канада што таму со децени живеат ама Македонија си ја сакаат?!?!?!
Па така, ако сакате да ми “наштетите“ обидувајки се да покажете вие од “Центарот“ дека не сум тоа што сум, ќе треба малку повеќе да се потрудите.
Во меѓувреме, јас си продолжувам да носам американ милитари стајл гардероба.
А вие, секако, ќе продолжите да си купувате гардероба во Фешн груп, каде со картичка добиена од сопственикот (се е тоа документирано) користите 30 до 50 насто попуст на Хуго Бос, Битциани, Масиумо Дути и други брендови. Да де, Фешн груп, сопственост на Ленче Софрониевска сатрапот на ВМРО ДПМНЕ и кадарот на Бранко Црвенковски. Ујдисани така со вашиот “идеолошки непријател“ сакате да си цепате и понатаму. Па ви пречат Миленко, а понекогаш и Бобан и Мирка. Кога сум веќе кај Бобан, тој еднаш околу Нова Година ви с‘ржа, па уцвикавте и баравте посредници да го молите да не ве цепа до толку. Вие изгледа само тоа разбирате. Млатење на јавна сцена.
Јас, да си знаете однапред, не ве оставам на раат да ја уништувате идеата на ВМРО (дпмне носете си го со вас ако ви е ќеф), не ви дозволувам да се уништи традицијата, МАКЕДОНСКИТЕ вредности, историја.
И, додека дишам и додека ме држи здравје, фала му на Др. Жан Митрев (тој па кога ќе почне да зборува за уцените што ги имал), ќе мавам по секој што сака да нанесе штета на Македонија, Македонскиот народ, на ИМЕТО, на нашиот јазик, вера, идентитет, историја, претци и идни поколенија.
Миленко Неделковски
26.02.2018 – Скопје
ПС
“Миле ми текна“! Како бе Миле Јанакиевски децата, уште во предшколска возраст ти одат во супер скапата приватна образовна установа НОВА?! Од каде пари како министер и сега како комерцијалист во Пелистерка? Ти, кога растеше во Прилеп, “баш ми текна“, исто така во приватно забаваче одеше?! Ама си викаш, претпоставувам, кога може шефот во Монте Карло, можам и ја во Тафталиџе.
На Бобан му се извинувавте