Иван Стоилов

Иван Стоилов

Но ајде да гледаме поинаку….
Американското вооружување е распространето низ целиот свет бидејќи нормално се дежурни за “мирот” кај ке стигнат. Видете само колку воени бази (преку 800 во 2018та) имаат низ светов и ке ви стане јасно. Не смеат да си дозволат да го разместуваат туку така тоа оружје бидејќи ке изгубат геостратешки позиции и доминација. Значи кога ке го исклучиме повеќето од тоа оружје и оружјето кое им се наоѓа на нивно тло, кое исто неможат поголем дел да разместат за да не остане на немилост американското тло а за разлика од Иран кое целото свое наоружување може да го употребува за десеткување на американските бази и сојузници во регионот. Се разбира, тука не го вклучува нуклеарното оружје кое Америка не би го употребила во тој регион поради спонзорските сојузници од регионот и огромните количества на нафта која ја конфискуваат во името на сојузништвото…
Се разбира, има и паметни луѓе во Америка и можат да пресметаат два и два, односно бесмисленоста од една таква војна која којзнае колку би можела да трае и колку тоа ке го чини американскиот народ..
Дополнително на сето тоа е поддршката на Путин за Иран, која не смее да се занемари бидејќи и он сака дел од црниот колач…
По се изгледа ова беше договорено сценарио за отстранување на генералот кој имаше преголемо влијание во Иран и Ирак и беше опасност за нивниот верски водач. А да не заборавиме дека сите доброупатени знаеа дека генералот со своите паравоени милиции жив никогаш немаше да го напушти Ирак.
Така да имаме вин-вин ситуација без жртви а во очите на народот задоволителна акција и реакција од засегнатите страни.
Останува да видиме дали Трамп е запознаен со политиките на своите вработени и дали ке има продолжение на сето ова…
КАКО И ДА Е, светска војна нема да има, Путин не бадијала се прошета деновиве по регионот… да смири страсти и да извлече некој барел повеќе…

 

Иван Стоилов

08.01.20