Мојот народ, МАКЕДОНЦИТЕ, е мирољубив и трпелив народ.
Зошто има потреба да не милитаризираат, ставаат во ровови да биеме битки за туѓи бели дворови?
Ова не е наш конфликт, ова не е наша војна, овде нема наши интереси за кои би трошеле средства, енергија и млади животи.
Нашите политичари, ѓенералштабот, безбедносните агенции не’ втурнуваат во катастрофа (економска, биолошка, секаква…) од невидени размери.
Светот е на работ на војна. Ние нема потреба страна да фаќаме. Нели сакавте да бидеме Швајцарија на Балканот?!
Е па, Швајцарија е неутрала и не подарува оружје на ниту една завојувана страна.
М. Неделковски
29.07.22 Македонија