Зора Јовановска

Зора Јовановска

Војдан Поп Георгиев – Чернодрински (Селци, Малесија, 15 јануари 1875 – Софија, 8 јануари 1951) — истакнат македонски писател, патриот, револуционер, театарски режисер, артист и основоположник на македонскиот театар. Псевдонимот Чернодрински потекнува од реката Црн Дрим која тече крај неговото родно село.

Војдан Чернодрински за делото “Македонска крвава свадба” се инспирирал од еден краток новинарски извештај од животот во Македонија. Во весникот “Реформа” тој ја прочитал дописката за која подоцна, во своите “Спомени”, ќе забележи: “Таа дописка ми го даде сижето, таа беше канавацата на која во тек на 20-30 дни најпрвен во мислите ги бродирав сликите кои и денеска се редат пред вашиот снисходителен поглед”.

Драмата “Македонска крвава свадба” е напишана на македонски јазик. Нејзиното дејствие е предадено преку петте чина од кои првиот го открива тешкиот кулучки аргатски живот на македонскиот роб, но во исто време и идилата помеѓу овчарот Спасе и младата жетварка Цвета. На нивата пристига Осман-бег, господарот на чифлигот, со своите вооружени слуги. Тие насила ја грабнуваат Цвета за харемот на Осман-бег…

Премиерата се одржала на 7 ноември 1900 година.

 

З. Јовановска