Дали е земјата плоча? Дали е рамна?
Не знам.
Но знам дека не е онаква каква важечката наука ја претставува. Ниту Месецот е природен сателит, ниту некој го минал Ван Аленовиот прстен, ниту ние сме топка… Премногу лаги научниците имаат кажано, премногу дупки има во нивните тврдења…
Пред да поченете да тртљате во смисла: појма немаш, глуп си, не учеше ли во школо, кретен, општо познато е, сите знаеме и слично – одговорете ми како нешто големо колку САД може со голо око да се види на оддалеченост од 77 милиони километри???
Погледајте го ова 5-минутни филмче и одговорете на двете прости прашања што авторот ги поставува. Првото и јас погоре го поставив. Второто е како може Меркур да се гледа од страната на земјата ноќе?! Односно, КАКО ЗЕМЈАТА СЕ НАШЛА ПОМЕЃУ СОНЦЕТО И МЕРКУР?!?!?! Кога Меркур е меѓу Нас и Сонцето!!!
Да ја преведам поентата на авторот:
Дали вие верувате дека нешто со големина на САД можете да го видите со голо око на раздалечина од 77 милиони километри, гледајки низ заслепувачка светлина на сонцето, од погрешната страна на топкава што наводно се врти и на која сте закачени, а бришка низ вселената??? А?
Прашањето на битката помеѓу Flat earth подржувачите и оние против нив е битка помеѓу Сатаната и Креаторот.
Јас, за себе, верувам дека сум производ на Господ, како креатор на се‘.
А вие, во што верувате?!