Портпаролката на руското МНР ЗАХАРОВА: „Од глобалната финансиска криза и за време на пандемијата, монетарните власти на САД и на еврозоната ги вклучија машините за печатење пари со полн капацитет за да ги покријат рапидно растечките буџетски дефицити и на тој начин да го одржат животниот стандард на нивното население.
Овие огромни парични инфузии веднаш беа инвестирани надвор од пазарите на издавачите. Масовните купувања на стоки, услуги и средства ширум светот од страна на западните компании предизвикаа глобални инфлациски процеси кои ја влошија положбата на најсиромашните земји и значително го отежнаа постигнувањето на целите за одржлив развој. Сегашниот раст на цените и кризите за храна и енергија се резултат на колективната монетарна и економска политика на Западот и олицетворение на неоколонијалниот пристап за одржување на животниот стил на Златната милијарда“.
Москва
28.03.23