ЖЕЛБИТЕ НА ИЗРОДИТЕ

ЖЕЛБИТЕ НА ИЗРОДИТЕ

Со месеци, море со години се обидувам да разберам што сакаат оние наши сограѓани што си ја мразат својата држава, своите сограѓани, својата нација, историја, јазик, претци…??!! Што би ги направило среќни? Што би било идеално за нив, па да престанат да си ја гнасат државата? Да престанат да ја оцрнуваат, кодошат, да престанат да бараат странци да не менаџираат…
И, ете дојдов до неколку точки кои се базични барања на кодошите Милчин, Ѓунер и Фрчко, на убавците Ѓеро и Димова, на фамилијата на Борјан, на дувачот во доцни нокни часови Кабранов, на кадрите на СДСМ (Грчев, Рада, Шилеже…), на Денко Малевски и на сличните на нив.
Значи за они да бидат среќни би требело:
1. Да го промениме името.
2. Да има странска интервенција во Македонија.
3. Да се испоубијат Македонците и шиптарите.
4. Да се сруши се што има назнака Скопје 2014.
5. Да направат Влада оние кои народот не ги гласал.
6. Да стане Претседател на државата оној кој загубил на председателски избори.
7. Да им се забрани на Миленко, Цаци, Јанко, Сарма и Латас да се појавуваат на телевизија.
8. Да им се забрани на Мирка и Дарко, ама и на Боце и Алек да пишуваат.
9. Да се дозволи НВО валканите пари на Сорос да се единствената алатка и вистина
10. Да мора текстовите на Амон Сра-не-Сра да бидат почитани од оние на Миленко.
11. Народот да мора да му верува на Заев, а не на Грујо.
12. Странските фабрики да затворат и работниците да ги отпуштат.
13. Задолжително Миро Грчев да биде подобар архитект од Вангел Божиновски.
14. Да мора Златко Теодосиевски да биде поголем уметник ем интелектуалец од Ацо Станковски Рембрант.
15. Со наредба Чизмарот да се врати во јатото на Чадиковски.
16. Да се укине Радио Слободна Македонија, ама хонорарот на Марин Бабиќ да остане да се паќа (редовно).
17. Да нема Јанко толку Фејсбук следбеници.
18. Веднага да се пуштат од затвор Велија, Сестра Љубе, Бучко.
19. На Велија да му се дадат 20 милиона за одма да ја стартува А(нал)1 телевизија.
20. Да се врати Хеди, а на аеродром да го чекаат сите лепотици од Бекстејџ.
21. Да се укинат субвенциите за земјоделците, а парите досега земени сите да ги вратат назад (околу една милијарда).
22. Да се сруши новиот аеродром.
23. Да се минираат тунелите над Демир Капија на новиот автопат.
24. Да се важи само она што Ѓеро ќе го каже. Добро де, и она што Риза-офф ќе го напише.
25. Србија и Грција да се граничат.
26. Кире Наумов да може да се клади, ама да не дужи кога ќе губи.

Толку ја пофаќав од тежнението на овие луѓе. Ако има уште нешто, слободно сугерирајте.