ЕУ ПОСЕТА/втор пат-
ГЕРМАНИЈА НЕМА УСТАВ А ЌЕ ГО МЕНУВА МАКЕДОНСКИОТ !?
15.07.2023.
Политичко лицемерие и безобразлук е потегот на министрите за надворешни работи на Германија, Франција и Полска кои најавија дека ќе доаѓаат во Скопје да ја убедуваат Македонија да се пристапи кон измени на Уставот со наводно впишување на околу 3000 бугари во македонскиот Устав како услов за напредок за влез во ЕУ. Ако се погледнат состојбите на Германија, Франција и Полска и во тие држави и кон ЕУ, станува мистерија што всушност се сака да се постигне со таквата уцена и изнуда и за каква иако очигледно подметнувачка стратегија кон Македонија се работи.
Од Германија доаѓа министерката за надворешни работи , Аналена Бербок која сосема сигурно ќе треба најпрвин сама себе си, да си објасни како на македонските државјани ќе им препорачува да сменат Устав на својата држава кога таа самата нема чувство што значи Уставот за една држава !? Германија нема устав туку за таков се преставува и функционира таканаречен „Основен закон „ , „Grundgesetz“ усвоен во 1949 година а Германија од тогаш до ден денешен важи за земја со половичен суверенитет по поразот во Втората светска војна. Иако важи за педантна држава и светки лидер , Германија е западната во сериозна криза во која го носи товарот од Ангела Меркел како поранешен комунистички политички активна личност која соработувала со некогашната источно – германска тајна полиција „Штази „ и некогашна комуникација од таа работа со сегашниот руски лидер Владимир Путин . Од времето на владеењето на Ангела Меркел на Германија и остана и товарот на нејзината политика кон бегалците од Сирија и други држави од Блискиот исток што доведе до политичка поделеност на некои германски федерални покраини. Токму за смирување на немирите и проблемите кои ги предизвикуваат азилантите во Германија прв пат после Втората светска војна , е ангажирана Германската армија а дека државата има се поголеми проблеми говори фактот дека Германци се почесто мигрираат во Полска која им нуди повисок стандард и подобри услови за работа и живот особено во регионот на германско -полската граница !
Збигњев Рау е министерот за надворешни работи на Полска, кој исто така пред македонската и пред да тргне во Македонија, пред полската јавност, ќе треба да објасни како ќе ја условува Македонија да прифати уцена за промена на Уставот за да влезе во ЕУ, кога неговата држава има сериозни разидувања со Брисел ? Токму Полска заштитувајќи ги своите национали интереси преку својот премиер Матеуш Моравецки во 2022 година изјави за Брисел „ Полскиот устав има приоритет а ЕУ не е држава „ што многу добро се вклопува во сегашната непринципиелна и на моменти мистериозна офанзива на ЕУ кон Македонија да мора да спроведе уставни измени !?
Полскиот претседател Анжеј Дуда со декрет забрани влез на бегалци од Блискиот Исток на територијата на Полска а за да бидат како – така задоволени ЕУ мерките за прифаќање на азиланти, Полска прими повеќе стотици илјади Полјаци од Украина и Русија во периодот кога се насетуваше војната во Украина.
Францускиот министер за надворешни работи, Жан Ив ле Дријан, има најмалку простор за разговор ако оваа тројка ( Германија, Франција и Полска) не ја откаже најавената посета од министерот за надворешни работи Бујар Османи за убедување дека Македонија мора да ги спроведе уставните измени !? Францускиот шеф на дипломатијата, ќе мора најпрвин да објасни што се случува со месеци и години наназад во неговата земја каде илјадници демонстранти го палат и уништуваат Париз и други француски градови а потоа да советува други држави за стратегиски прашања како што е промена на Устав !
Овие аспекти на македонските евроинтеграции отвораат големо прашање за очигледното подметнување на Бугарите од Македонија во Уставот како единствена пречка за исполнувањето на ЕУ стандардите поради што при најавената посета на тројката амбасадори Германија – Франција – Полска наместо да поставуваат услови, ги става во позиција да одговараат пред македонската јавност без разлика што ударната четворка Пендаровски – Ковачевски – Османи – Маричиќ ги чекаат со подотворени усти и свиткани р“бети !?
Преземено од Инсајдер Македонија
17.07.23