ЗАКОНОТ ЗА ИЗБОР НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НЕ ПРЕДВИДУВА ЦЕНЗУС ЗА ИЗЛЕЗНОСТ ВО ПРВИОТ КРУГ ПОРАДИ ШТО БОЈКОТ ВО ПРВИОТ КРУГ Е ГУБИТНИЧКА ВАРИЈАНТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И НИВНАТА СУДБИНА
Однапред избраната кандидатка за претседател на ДПНЕ (на предлог на СДС, а според планот на ЦИА), Гордана Силјановска, изјавила дека не можело да има бојкот оти тоа ќе ја парализирало цела држава. Не г-ѓо, не може да има бојкот во првиот круг на изборите, оти законот што го правеа твои колеги уставотворци, за првиот изборен круг за претседател не предвидува цензус или минимум процент на излезеност туку само вели дека во првиот круг победува оној кандидат кој ќе освои 51 насто гласови од вкупниот број на избирачи на избирачкиот список, што е 903 167 гласови. Со оглед што тоа е недостижно и никој не може да освои, тогаш двајцата кандидати кои освоиле најмногу гласови одат во втор круг во кој пак, законот предвидел цензус на излезност од минимум 40 насто.
Тоа значи дека во првиот круг и 500 избирачи да излезат на гласање – тие ќе решат кои двајца кандидати ќе одат во вториот круг и изборниот прв круг е валиден. Не постои опција бојкот, така што Македонци вие седете си дома со прстот в уста. БОЈКОТ НА ПРВ КРУГ НЕ Е МОЖЕН ОТИ ЗАКОНОТ ЗА ИЗБОР НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НЕ ПРЕДВИДУВА МИНИМУМ ЗАДОЛЖИТЕЛНА ИЗЛЕЗНОСТ. Двајца да излезат и да гласаат законски изборите во прв круг се валидни. Она што е шокантно како вие уставотворки и професорки од правен факултет со голема желба да бидете претседателки не го знаете тоа базично лимитирање вметнато како кукавичко јајце во законските одредби од законот за избор на претседател на РМ. И какви претседатели би биле кога ни од вашата специјалност не ги знаете работите а камоли повеќе?! Или некои од личен хир создадоа еуфорија кај македонските избирачи кои сега наместо да размислуваат кој кандидат ќе им ја врати Македонија и идентитетот, се ставени во недоумица и меѓу себе се расправаат дали да бојкотираат или не. На ваквата ујдурма има само еден одговор – масовно гласање на Македонците за кандидат вистински Македонец што ќе биде најсилен сигнал за меѓународната заедница дека Македонците не ја прифаќаат насилната промена на името и идентитетот. Со бојкот ќе дозволиме дипшитстејт и нивните поданици овде “тројството” ДУИ-СДС-ДПМНЕ да ни го наметнат и изберат консензуалниот кандидат Силјановска. Само со масовно гласање во првиот круг за наш кандидат ќе им го парализираме тој проект и ќе направиме нешто за сопственото ослободување и зачувување! (to be continued)